Холандија ги зголеми даноците- компаниите планираат преселба во други земји

Холандскиот производител на опрема за производство на чипови ASML предупреди дека може да се пресели во странство поради влошената деловна клима.

Плановите за даночни промени поддржани од граѓаните кренаа прашина бидејќи компаниите стравуваат од губење на квалификувана работна сила.

Холандија ги зголеми стапките на корпоративните даноци во последниве години по бранот протести и низата судски случаи, вклучително и оној против Шел, а популистичките партии по минатогодишната изборна победа сигнализираа дека би можеле повторно да ги зголемат даноците. Се подготвува и план за намалување на даночните поволности за висококвалификуваните имигранти, на кои особено сметаат компаниите од технолошкиот сектор, според Ројтерс.

Плановите за зголемување на даноците им се допаѓаат на граѓаните, додека компаниите ги критикуваат. Од технолошкиот сектор, пак, предупредуваат дека висококвалификуваната работна сила би можела да почне да ја заобиколува Холандија, што, како што тврдат, може да го загрози нејзиниот просперитет.

„Многу котирани компании ја истражуваат можноста за преместување на нивните централи во друга земја. Ќе ви требаат две раце за да ги изброите“, нагласува шефицата на најголемата индустриска групација во земјата VNO-NCW, Ингрид Тијсен.

Нејзиното предупредување се совпаѓа со јануарската студија на SEO Economic Research, нарачана од Министерството за финансии, која покажа дека една третина од холандските мултинационални компании ќе размислат за преместување на операциите во странство во следните две години.

Повеќе од десетина компании одговорија на прашањето на Ројтерс дали се загрижени за деловната клима во Холандија и дали ќе размислат за преместување на нивните централи. Иако само неколку рекоа дека ќе ја разгледаат можноста, некои, вклучувајќи ги Шел и Унилевер, веќе се оддалечиле.

Други наведуваат дека приоритет им е проширувањето во странство. Сите компании, вклучително и лидерите во финансискиот сектор и индустријата, се загрижени поради неизвесноста на идните владини мерки, кои се клучни за бизнисот. И шефот на холандската подружница на производителот на полупроводници NXP, Жан Шреур е загрижен за можните ограничувања на имиграцијата.

Парламентот усвои предлог со кој ќе се ограничи бројот на странски студенти на холандските универзитети и ќе се укинат даночните олеснувања за квалификуваните имигранти, две важни точки за привлекување на квалификувана работна сила. „Ако луѓето одлучат дека не се добредојдени, Холандија нема да биде првата земја во која ќе погледнат“, рече Шрерс, додавајќи, сепак, дека тие сè уште имаат добра репутација во целина.

Добавувачот на опрема за чипови ASM International неодамна се прошири во САД, а BE Semiconductor Industries отиде во Виетнам. Компанијата за плаќање Adyen рече дека претпочита да вработува од канцеларии низ целиот свет, а не во нејзиното седиште во Амстердам.

На Холандија сè уште ѝ оди добро во меѓународните деловни истражувања, но политиката и компаниите не се слушаат една со друга, вели Хенк Волберда, професор по стратешки менаџмент на Универзитетот во Амстердам. „Мислам дека владата треба да ги преиспита фискалните промени што беа спроведени во последно време“, рече Волберда.

Во последниве години, Холандија е на листата на даночни оази, привлечни за компаниите кои сакаат да ги намалат даночните трошоци со пренасочување на заработката. Околу 17 отсто од трансакциите што компаниите од целиот свет се обидуваат да ги сокријат своите профити од даночниците се пренесуваат преку Холандија, според минатогодишното истражување на независната организација „Tax Justice Network“.

Податоците се засноваат на податоците на ОЕЦД од 2018 година и покажуваат дека благодарение на Холандија, од даноци биле скриени вкупно 51 милијарда долари, во споредба со 19,4 милијарди долари во 2016 година, според организацијата.

Парите што биле пренасочени преку Холандија главно доаѓале од Германија, Белгија, Луксембург и САД, додаваат тие. Околу 10.000-компании се со седиште во Холандија, кои првенствено се користат за префрлање на приходите и нејасна сопственост.

Откриена е супер-Земја: Има цврста површина и атмосфера, но и температура до 2.300 степени

Терестична планета двојно поголема од Земјата и позната како 55 Cancri-e е откриена со вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

Овој тип на планета со цврста површина е откриен од научниците на НАСА, а се нарекува супер-Земја бидејќи е поголема од Земјата, но помала од Нептун, објави Nature.

Таа е меѓу ретките планети со цврста површина надвор од Сончевиот систем со атмосфера составена од јаглерод диоксид и јаглерод моноксид.

Температурите на вриење на планетата, кои можат да достигнат и до 2.300 степени Целзиусови, значат дека на неа веројатно нема да постои живот.

Научниците велат дека откритието е ветувачки знак дека може да има и други такви карпести планети со густа атмосфера кои би можеле да бидат погостопримливи. Егзопланетата оддалечена 41 светлосна година е осум пати потешка од Земјата и орбитира околу својата ѕвезда Коперник толку блиску што има постојани дневна и ноќна страна.

Површината на Канкри е покриена со океани од магма, а за да го идентификуваат составот на нејзината атмосфера, истражувачите ги проучувале снимките од вселенскиот телескоп Веб пред и откако планетата поминала зад својата ѕвезда.

Тие ја одделиле светлината што ја емитува планетата од онаа што ја емитува ѕвездата и ги користеле податоците за да ја пресметаат температурата на планетата.

Гасовите од океаните со магма може да играат клучна улога во одржувањето на стабилна атмосфера.

Истражувањето на оваа супер-Земја, исто така, може да обезбеди индиции за тоа како Земјата и Марс најпрво еволуирале со океаните со магма кои оттогаш се оладиле, велат научниците.

Ренџу Ху, планетарен научник во лабораторијата за млазен погон на НАСА, кој го водел истражувањето, заклучил дека ова е ретка можност за истражувачите да ја проучуваат оваа фаза од еволуцијата на планетата.

Трамп планира да испрати тимови убијци во Мексико за да ликвидираат лидери на нарко картели

Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, наводно планира да испрати тимови убијци за да ги елиминираат водачите на нарко картелите во соседно Мексико.

Како што пренесува угледниот магазин „Ролинг Стоун“, повикувајќи се на три различни извори, Трамп овие планови ги претставил во разговор со своите најблиски соработници.

Тој не прецизира детали за тоа како има намера да испрати американски војници на територијата на соседна суверена држава за да ги елиминираат водачите на нарко картелите, ниту колку ќе ги има. Трамп ја изнел оваа идеја во разговор со најмалку еден конгресмен од Републиканската партија. Наводно, распоредувањето на американските специјални сили ќе се изврши со или без согласност на властите во Мексико Сити.

Во некои од овие дискусии, Трамп инсистирал на тоа дека американската војска има „потешки убијци од нив“ и се запрашал зошто овие мисии за убиства не биле извршени порано, тврдејќи дека елиминирањето на шефовите на нарко-картелите во голема мера ќе ги искомплицира нивните операции и ќе предизвика страв во нивните срца. Всушност, верзии на оваа стратегија навистина биле испробани претходно во долготрајната меѓународна војна против дрогата, вклучително и во Мексико, каде тамошната влада поддржана од САД посвети значителни ресурси за ликвидација што е можно повеќе шефови на нарко картелите, но тоа не успеало.

За време на некои од овие разговори, Трамп ги споредил предлозите со воен напад во 2019 година што тој го наредил, со цел да се убие лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади. Трамп инсистирал на тоа дека САД треба да му пристапат на раководството на нарко картелот на ист начин.

Еден од изворите, кој разговарал за ова прашање со Трамп претходно оваа година, потсетува дека поранешниот претседател рекол дека американската влада треба да има „список на убијци на нарко босовите“, во кој ќе бидат вклучени најмоќните и најозлогласените картели и нивните водачи и дека задачата на американските специјални сили треба да биде нивна ликвидација или заробување за време на владеењето на втората администрација на Трамп.

Профитот на Тојота во фискалната 2023. од 29,6 милијарди евра ги собори сите рекорди

Јапонската компанија Toyota Motors денеска објави дека нејзината добивка во фискалната година која заврши на 31 март се удвоила на рекордни 4,94 милијарди јапонски јени или околу 29,6 милијарди евра.

Во истиот период, приходите на Тојота исто така собориле рекорд, бидејќи пораснале за 21,4 отсто на годишно ниво на 270,4 милијарди евра.

Фирмата, исто така, имала корист од падот на јапонската валута во однос на американскиот долар.

Јапонската компанија најави зголемување на инвестициите во развојот на електрични возила (EV) и технологија за вештачка интелигенција (AI), па очекува пад на профитот од 27,8 отсто во тековната фискална година, пренесува агенцијата Kyodo.

Продажбата на возила „Тојота“ ширум светот во изминатата фискална година се зголемила за пет отсто на 11,09 милиони автомобили, пред сѐ поради растот на побарувачката за хибридни возила.

Најголем раст на продажбата е забележан во Северна Америка, за 17 отсто на 2,82 милиони возила, а во Европа продажбата е зголемена за 15,7 отсто на 1,19 милиони автомобили.

Toyota Motors планира да продаде 10,95 милиони возила ширум светот во тековната фискална година, што е за 1,3 отсто помалку од претходната година.

притисни ентер