Хојлунд: На играчите им треба повеќе време да се навикнат на барањата на Аморим

На играчите на Манчестер Јунајтед им треба повеќе време за да го усовршат системот 3-4-3 на новоименуваниот менаџер Рубен Аморим, изјави напаѓачот Расмус Хојлунд.

На играчите на Манчестер Јунајтед им треба повеќе време за да го усовршат системот 3-4-3 на новоименуваниот менаџер Рубен Аморим, изјави напаѓачот Расмус Хојлунд откако излезе од клупата и ги постигна двата гола во победата на тимот од 2:1 на гостувањето кај чешката Викторија Плзен во Лигата на Европа.

Данскиот репрезентативец, кој претходно изјави дека формацијата на Рубен одговара на неговиот стил на игра, има постигнато вкупно пет гола на шест натпревари во Лига Европа од почетокот на сезоната.

-Ни треба повеќе време. Сè уште е многу рано. Се работи за адаптација и мислам дека почнува да ни влегува под кожа, но очигледно ни треба уште многу вежбање и време. Немаме многу тренинзи, па мораме да тренираме за време на натпреварите. Знам дека звучи малку чудно, но тоа е најдобриот начин за учење, прокоментира Хојлунд за „ТНТ Спортс“.

Данецот (21), исто така, рече дека Јунајтед се борел со временските услови во Плзен на почетокот на натпреварот пред да се врати во второто полувреме.

-Беше малку тешко. Беше многу студено, условите беа тешки, а теренот беше со кал. Моравме да се справиме со тоа и го направивме во вториот дел, заклучи Хојлунд.

Убиени се двајца судии на Врховниот суд на Иран, напаѓачот се самоубил

Двајца судии се убиени утрово во напад пред зградата на Врховниот суд во Техеран, јавија државните медиуми.

„Тројца судии од Врховниот суд беа цел на нападот. Двајца се убиени, а еден е повреден“, објави судската веб-страница Мизан онлајн, додавајќи дека „напаѓачот се самоубил“,пренесе Баронс.

Возилото на Брако чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на Комуналец-Неготино

Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. 

Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.

Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.

,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.

Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег, соопштуваат од компанијата.

Стаорци играат фудбал Олд Трафорд- голем срам за Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Претходните гласини дека сѐ повеќе и повеќе стаорци се појавуваат на легендарниот стадион на Манчестер Јунајтед, Олд Трафорд, се чини дека се точни врз основа на неодамнешните фотографии и снимки.

Сега се појави ново видео, на кое се гледа како стаорец тргна да игра фудбал со играчите.

Имено, тој истрча на теренот, а навивачите не пропуштија да го забележат и снимат, коментирајќи го со препознатлив британски хумор.

За ова сѐ почесто се зборува на социјалните мрежи каде навивачите се прашуваат како е можно вакво нешто да му се случи на голем клуб како Јунајтед.

притисни ентер