Хоџа: Одржливото управување со водите е дел од европската агенда - Канал 5

Хоџа: Одржливото управување со водите е дел од европската агенда

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени.

Хоџа: Одржливото управување со водите е дел од европската агенда

Во своето обраќање, министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја позиционираат водата како стратешки ресурс и клучен фактор во климатската адаптација и одржливиот развој.

„За нас ова е и обврска и можност – да го забрзаме усогласувањето со европските стандарди и да ги унапредиме реформите за поефикасно и поодржливо управување со водните ресурси“, истакна Хоџа.

Министерот посочи дека климатските промени веќе имаат директно влијание преку суши и поплави, кои вршат притисок врз водните ресурси, земјоделството и екосистемите. Во тој контекст, тој го нагласи значењето на интегрираниот пристап, кој ги поврзува политиките за животна средина, земјоделство, енергетика и просторно планирање.

Во своето обраќање, Хоџа стави посебен акцент на дигитализацијата на управувањето со секторите за вода во рамки на институциите, како и на инвестициите во природно-базирани решенија, кои претставуваат клучен дел од долгорочната климатска отпорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски најавува поригорозно законско решение за регулирање на елетричните тротинети

Се најавува ново поригорозно законско решение со кое би се регулирала употребата на овие превозни средства.

Тошковски најавува поригорозно законско решение за регулирање на елетричните тротинети

Електричните тротинети предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот а со цел да се намалат и повредите настани како резултат на нивното несоодветно управување, се најавува ново поригорозно законско решение со кое би се регулирала употребата на овие превозни средства, подвлече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Последиците од нивното управување, особено управување не како што треба – без кациги, без опрема во рамки на инфраструктурата која ја имаме а факт е дека е несоодветна за управување на таков вид на превозни средства, навистина последиците се страшни. Ако јас лично се прашувам, јас би ги забранил електричните тротинети да се управуваат во Македонија. Но ќе оставам во рамки на една дебата да најдеме соодветно решение, тргнувајќи од аспект на повредени лица, тешко телесно повредени, загинати лица. Последниот збор секако е на собранието а секако дека ќе бидат консултирани професорите. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Што се однесува на системот Сејф сити пак, министерот е задоволен од неговите досегашни резултати и посочи дека до крајот на годината би можел да се зголеми обемот на прекршоци кои тој ги регистрира.

-Во иднина мораме да се фокусираме на што е можно поголем број на прекршоци што би можеле да се констатираат од страна на овој паметен систем. Секако дека говориме првично за погрешно паркирање, исто така во изминатиов период беа констатирани некои прекршоци што се поврзани со несоодветно управување на моторно возило – погрешно свртување и така натаму. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Во однос на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила кој вчера помина на прво читање во Собранието, Тошковски во моментов се работи и на дополнителни предлози. Според предлагачите од владеачката партија, со законот би се намалиле злоупотребите со станиците за технички преглед како и манипулациите со препродажба и регистрација на возила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата избира нов претседател на советот на македонски јазик, по оставката на Симона Груевска Маџоска

Груевска Маџоска преку социјалните мрежи ги образложи причините за нејзината оставка.

 Владата избира нов претседател на советот на македонски јазик, по оставката на Симона Груевска Маџоска

Владата ја именува Веселинка Лаброска за нова претседателка на Советот за македонски јазик, откако Симона Груевска Маџоска си даде неотповиклива оставка од позицијата поради, закани и забрани да говори на јавна расправа за Националната стратегија за култура. Груевска Маџоска преку социјалните мрежи ги образложи причините за нејзината оставка, тврдејќи дека решила да се „произнесе за вистината“ откако Министерот Зоран Љутков изјави дека таа се повлекла од „лични причини“. Професорката упатува повеќе критики кон Владата и кон Министерството за култура за институционална незаинтересираност за заштита на македонскиот јазик, административни пречки и доцнења за Националната стратегија, а вели и дека за година ипол колку што била на функцијата, воопшто немала средба со Министерот, иако настојувала на тоа.

-Бидејќи имав покана за јавната расправа, отидов со намера јавно да ги кажам забелешките, но од државниот секретар ми беше кажано да не зборувам јавно и дека „на нивен предлог сум била избрана за претседател“, што е класична закана. Јавната расправа ја напуштив и истиот ден ја напишав оставката со неличните причини и ја доставив до Владата, до Министерството за култура и туризам и до Министерството за образование и наука. Мојот заклучок е дека никој не се грижи за македонскиот јазик (што се гледа и од тоа дека три години од донесувањето на Законот не функционира Инспекторатот) и Господ да ни е напомош!“, стои во јавното обраќање.

Универзитетската професорка наведува и дека државата не дала ни денар за 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик и сите учесници настапиле на добра волја.

Љутков ги отфрли обвинувањата на Груевска-Маџоска за недоволна институционална поддршка, оценувајќи дека нејзините тврдења селективно ја претставуваат реалноста.

-Не е точно дека немало комуникација. Барање за лична средба, не е познато до мене, иако секогаш бев достапен и покрај бројните паралелни обврски. Г-ѓа Груевска, Вашата Оставка ја примивме со почит. Сепак, објавувањето на Вашето образложение на фактичкиот сензационален начин, со селективно прикажување на те, директно го поткопува угледот на Советот. Македонскиот јазик е далеку поважен од која било лична промоција и мора да остане над партиските и персоналните пресметки.- Зоран Љутков – Министер за култура и туризам

Според Љутков, повеќе институции активно работеле на одбележувањето на 80-годишнината, а процесот за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик не доцни поради негрижа, туку поради неговата сложеност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Греувски демантира дека избегал од Охрид, Маленко го повика да поднесе тужба

Екс-премиерот Никола Груевски во објава на Фејсбук ја демантираше тврдењата на Александар Маленко, дека пред бегството од Македонија престојувал во хотел во Охрид...

Греувски демантира дека избегал од Охрид, Маленко го повика да поднесе тужба

„Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што.

Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, што лесно може да се утврди со нивното присуство во училиштето, односно работното место во тоа време, и големиот број средби кои ги имав во тие денови во Скопје.

Во истиот хотел сме престојувале истата година околу седум месеци порано, за време на велигденските празници, од каде јас прв заминав неколку часа порано пред другите заради обврски. – пишува Груевски

Во одговор на демантот, Маленко го повика Груевски да поднесе тужба за клевета за да ги соочат аргументите.

-Дали си бил или не си бил посакувам да поднесеш пријава до надлежна институција во македонија и што побргу да бидам повикан од надлежни институции каде ќе ги соочиме фактите со целокупен доказен материјал. Воедно, се разбира како европски државјанин (Унгарец) имаш потполно право да ме пријавиш и пред надлежна институција во Унгарија, каде секако ќе присуствувам на судско рочиште и истата пресуда во целост ќе ја прифатам. – вели Маленко во одговорот на Груевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер