Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
1Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
3СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
Шоу бизХоакин Феникс ѝ удри шлаканица на Венеса Кирби во филмот „Наполеон“ (ВИДЕО)Ванеса Кирби и Хоакин Феникс на снимањето на Наполеон склучија договор што му дозволи на актерот да ѝ удри шлаканица на својата колешка.Покрај тоа, Кирби му дозволи да направи сѐ што сака за целосно да влезе во улогата. "Снимавме сцена каде се кара еден пар. Сакавме да се изненадиме, па Феникс ми рече да правам што сакам. Му реков истото важи и за него - може да ме плеска, да ме фати, да ме турка, да ме бакнува “, рече Кирби, која верува дека тој договор обезбедил да создадат незаборавни и искрени снимки. „Најдобро е да работите со креативен партнер на кого му верувате и со кого се чувствувате безбедно“, додаде таа. Сцената каде што Феникс ѝ удира шлаканица на Кирби всушност воопшто не била дел од оригиналното сценарио, но тимот се согласил дека е толку реално одглумена што ќе биде во филмот, кој ќе се појави во кината на 22 ноември 2023 година. Да потсетиме дека заплетот на филмот ќе биде фокусиран на доаѓањето на Наполеон на власт и неговиот нестабилен однос со царицата Жозефина. Филмот ќе прикажува и динамични борбени сцени низ кои може да се види воениот и тактичкиот гениј на Наполеон. Трејлерот можете да го погледнете подолу. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео- фото: Сабаленка објави секси видео во бикини: Сите гледаа како Ари танцуваЕдна од најдобрите светски тенисерки, атрактивната Арина Сабаленка привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави провокативно видео. Во преден план беа нејзините прекрасни облини и харизматичен изглед.Арина Сабаленка привлекува големо внимание од јавноста, како на теренот, така и на социјалните мрежи. Таа е често активна на Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзините атрактивни модни изданија го привлекуваат вниманието на светската јавност. Таа неодамна објави провокативно видео на своето „Инстаграм стори“ на кое танцува. 28 yaşındaki Belaruslu tenis yıldızı Aryna Sabalenka, kortların dışında da enerjisi ve neşeli tavırlarıyla dikkat çekti. https://t.co/t1Eifve1mr — Daily Magazin (@daily_magazin) October 11, 2026 За таа прилика, носеше црн едноделен костим за капење што ја истакнуваше нејзината фигура, а изгледот го надополни со црни очила – омилениот моден додаток на денешните трендсетери. Судејќи според видеото, Арина беше очигледно добро расположена, а нејзините обожаватели можеа да ја почувствуваат и онаа посебна харизма што ја краси. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПолицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!Германската полиција покрена истрага откако робот, управуван од двајца млади мажи, наводно сексуално вознемирил 16-годишно девојче во Келн. Инцидентот се случил доцна вечерта во неделата, на 11 октомври, пред ресторан за брза храна во овој град во западна Германија. Според полициското соопштение, роботот – висок околу 120 сантиметри – ѝ пришол на девојката одзади, ја допрел по задникот и извел сексуално сугестивни движења. Во тој момент, девојката била во друштво на две пријателки, на возраст од 17 и 18 години. Според Си-Ен-Ен (CNN), полицијата се сомнева дека со роботот управувале неговиот шеснаесетгодишен сопственик и неговиот деветнаесетгодишен пријател. Истражителите наведуваат дека двајцата го снимале настанот и го емитувале во живо на социјалните мрежи. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко потоа и ги пронашла младите момчиња. Роботот бил пронајден во багажникот на автомобил и потоа одземен како доказ. Исто така, биле одземени и мобилните телефони на осомничените. Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали движењата на роботот биле однапред програмирани или дали младите момчиња директно управувале со него за време на инцидентот. На интернет се појави и видео на кое се гледа како роботот носи бел елек, златно ланче и очила за сонце. На снимката се гледа како тој им приоѓа на жени на улицата и прави сексуално сугестивни движења. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот и потенцијалната кривична одговорност на лицата кои управувале со уредот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУЕФА ги казни БиХ, Хрватска и Унгарија УЕФА изрече казни за фудбалските сојузи на Босна и Херцеговина, Хрватска и Унгарија поради прекршоци за време на октомвриските натпревари во Лигата на нации.Најголема сума ќе треба да платат Унгарците, кои веќе имаат изречена условна казна. Федерацијата на БиХ е казнета со вкупно 50.500 евра по натпреварот против Полска, одигран на 5 октомври. Причините за казната вклучуваат расистички извици, употреба на ласери и пиротехника, фрлање предмети на теренот и доцнење на екипата. Исто така, изречена е мерка за затворање на пет отсто од капацитетот на стадионот, но оваа мерка е условна во следните две години. Хрватската федерација ќе треба да плати 57.000 евра поради инцидентите на натпреварот против Шпанија на 6 октомври. Казните се однесуваат на употреба на пиротехника, блокирани премини и други прекршоци на трибините. Делумното затворање на стадионот, кое опфаќа 20 отсто од капацитетот, исто така е условно во траење од две години. Според истиот извор, Унгарија е казнета со 77.578 евра по гостувањето во Украина. Поради расистичко однесување, активирана е условната казна изречена во октомври 2024 година, па така федерацијата нема да може да продава билети за еден натпревар на гостински терен. На Унгарците им е изречена нова условна забрана за продажба на билети за гостувања, како и парични казни за употреба на пиротехника, фрлање предмети, непочитување на националните химни и оштетување на стадионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11