Хитроу повторно отворен по вчерашниот целосен прекин на работата, погодени се 200.000 патници - Канал 5

Хитроу повторно отворен по вчерашниот целосен прекин на работата, погодени се 200.000 патници

Лондонскиот аеродром Хитроу денеска објави дека е отворен и целосно ја обновил работата. Погодени беа над 200.000 патници.

Хитроу повторно отворен по вчерашниот целосен прекин на работата, погодени се 200.000 патници

Соопштението дојде еден ден откако пожар ја прекина струјата и го принуди најпрометниот аеродром во Европа да затвори и да ги откаже сите полетувања и слетувања.

Затворањето на Хитроу предизвика хаос во патувањата низ светот. Поради прекин на работата на овој најпрометен аеродром во Европа, беа погодени над 200.000 патници со над 1.300 откажани летови.

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со Европската унија, за време на денешната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

- О, ќе има трговски договор, 100 отсто, рече Трамп.

Тој одговараше на новинарско прашање што ќе се случи ако нема договор на крајот од 90-дневната пауза што ја одреди – и реагираше речиси со потсмев, пренесе ДПА.

- Што, мислите дека нема да има … се разбира дека ќе има трговски договор. Многумина сакаат да склучат договор, многу, многу. И ние ќе направиме трговски договор. Целосно го очекувам, но тоа ќе биде фер договор, рече Трамп.

Минатата недела, по значителните турбуленции на берзите и финансиските пазари, Трамп неочекувано одлучи да им одобри на многу земји, вклучително и на ЕУ, 90-дневна пауза од одредени царини.

Овие царини се казнени и се засноваат на трговскиот дефицит на соодветните земји, а исклучок е Кина.

Со оваа одлука, Трамп привремено стави дел од својот обемен царински пакет во мирување. ЕУ, исто така, соопшти дека ќе ги суспендира планираните одмазднички царини за американските производи на 90 дена.

Фото: ЕПА

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк денеска го продолжи договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

„Многу сум среќен и горд. Има толку многу емоции кои ми поминуваат низ главата токму кога зборувам за тоа. Се чувствувам горд и радосен. Тоа е неверојатно. Патувањето што го имав досега во мојата кариера и можам да го продолжам за уште две години во овој клуб е неверојатно и многу сум среќен“, изјави Ван Дајк.

Холандскиот фудбалер му се приклучи на Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за тогаш рекордна сума од 75 милиони фунти за дефанзивец.

Досега Ван Дајк одигра 314 натпревари и постигна 27 голови за Ливерпул, со кој меѓу другото ја освои Лигата на шампиони во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

притисни ентер