Хит на „Златните Глобуси“: Славни актерки си ги мерат градите (ВИДЕО) - Канал 5

Хит на „Златните Глобуси“: Славни актерки си ги мерат градите (ВИДЕО)

Американските актерки Квинта Брунсон и Ана Гастиер беа снимени на 80-тото доделување на наградите Златен глобус споредувајќи ги деколтеата додека се разминуваа на црвениот тепих. Видеото брзо стана хит.

Хит на „Златните Глобуси“: Славни актерки си ги мерат градите (ВИДЕО)

Квинта, која ја освои наградата за најдобра актерка за ситкомот Abbott Elementary, ја прегрна Ана и погледна надолу во нејзината биста. Потоа и двете почнаа да се смеат.

YouTube video

За потсетување, ситкомот Abbott Elementary освои три награди - онаа за најдобра комедија, Квинта беше прогласена за најдобра актерка во таа категорија, а нејзиниот колега Тајлер Џејмс Вилијамс ја доби наградата за најдобра споредна машка улога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција.

ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

Јавното обвинителство дополнително ги надградува добрите практики за редовна комуникација со јавноста, објавувајќи соопштенија, резимеа и организирајќи брифинзи за случаите опфатени од страна на Регионалниот проект за набљудување судски процеси во Западен Балкан, кој го спроведува ОБСЕ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Јавниот обвинител Елвин Вели од Јавното обвинителство на Македонија, претседателот на Советот на јавните обвинители Башким Бесими и јавната обвинителка од ОЈОГОКК Наташа Поп Трајкова, на покана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), учествуваат на Регионалната конференција „Од хартија до практика: Како реформите во правосудството да дадат резултати во предметите на организиран криминал и корупција“, која ќе се одржува во Будва, Црна Гора и на која беше претставен извештајот од набљудувањето на судските постапки во Западен Балкан.

Во извештајот, освен транспарентноста во врска со предметите од висок јавен интерес за која Јавното обвинителство добива високи оценки споредено и со останатите земји во регионот, се нагласува и видливата посветеност за воспоставување стратешки рамки насочени кон поголема отвореност и отчетност. Тука се истакнува усвојувањето на комуникациската стратегија, како важен чекор за зајакнување на довербата на јавноста и унапредување на попроактивна и попрофесионална комуникација.

“Од аспект на обвинителството, се појавија одредени позитивни практики во однос на ефективното изведување на доказите и постапувањето пред судот. Во неколку предмети, јавните обвинители активно учествуваа во планирањето на судењата, предлагаа реални распореди за изведување на доказите и преземаа одговорност за повикување на сопствените сведоци”, нотира извештајот, препорачувајќи ваквите позитивни чекори доследно да продолжат да се применувааат

Како уште еден важен сегмент кој се однесува на работата на Јавното обвинителство, ОБСЕ ги истакнува и активностите што се прават преку Здружението на јавните обвинители, а во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, со цел подобрување на квалитетот на обвиненијата

“Државното јавно обвинителство, исто така, ги поддржа овие иницијативи, со посебно внимание на подобрувањето на изведувањето на доказите пред судот и зајакнувањето на ефективноста на јавните обвинители во текот на судењата”, стои во извештајот.

Како позитивен исчекор се одбележани и активностите за изготвување нови прописи за надзор над работата на јавните обвинителства и за оцена на работењето на јавните обвинители, иницијатива која е поддржана преку Проектот за владеење на правот финансиран од ЕУ и има за цел да ги усогласи постојните внатрешни прописи и да воспостави појасни механизми за надзор и професионална оцена.

Самиот извештај во неколку клучни делови ги нотира недоволните човечки и финансиски ресурси со кои располага обвинителството, како важен предуслов за дополнително зголемување на ефикасноста.

“Се чини дека ова е едно од најкритичните прашања што бара паралелен пристап: континуирани напори од страна на обвинителството за подобрување на ефикасноста, во комбинација со соодветна институционална поддршка и обезбедување ресурси. Решавањето на двата аспекта е неопходно за да се прекине кругот во кој се очекува подобрување на ефикасноста пред да се обезбедат дополнителни ресурси, додека јавните обвинители сметаат дека дополнителните ресурси се неопходни за постигнување поголема ефикасност”, стои во извештајот на ОБСЕ.

Во рамките на овој проект, во земјава беа набљудувани најголем број предмети споредено со останатите земји во регионот, односно 16 предмети за кривични дела од организиран криминал и 56 предмети од областа на корупцијата.

Предметите беа избрани според тежината на кривичното дело, статусот на обвинетите и степенот на јавен интерес, при што приоритет им се дава на предметите во кои правната сигурност, институционалниот кредибилитет и довербата на јавноста се од најголемо значење. На тој начин вниманието се насочува кон постапките во кои институционалните капацитети, правичноста, ефикасноста и довербата на јавноста се изложени на најголем тест.

Во сите предмети, Проектот ја толкува ефективноста на правосудството на база на три меѓусебно поврзани аспекти: капацитетите, во смисла на квалитет, доследност и услови за поддршка на професионалната и институционалната практика правичноста, разгледувана преку гаранциите за правично судење, еднаквоста пред законот и образложеното судско одлучување; и ефикасноста, сфатена како управување со сложеноста, времето и ресурсите без нарушување на правичноста или квалитетот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Островот на милијардерите“ станува достапен за обичните смртници (ВИДЕО)

На само 2,3 километри од брегот на Корзика се наоѓа мал рај - островот Кавало, опкружен со тиркизно море и прекрасни песочни заливи, украсен со луксузни вили и приватни имоти.

„Островот на милијардерите“ станува достапен за обичните смртници (ВИДЕО)

Се простира на 110 хектари и е добро позната летна дестинација за меѓународни ѕвезди, индустријалци и членови на европски аристократски семејства од крајот на 1960-тите. Затоа е наречен „остров на милијардери“.

Патишта низ приватни имоти

Оние кои го ценат својот статус обично стигнуваат до островот Кавало со сопствена јахта, објавува Билд.

Таму има и луксузен хотел, кој секој може да го резервира. Сепак, пристапот до островот за еднодневни излетници е сè уште ограничен.

Токму ова сака да го промени градоначалникот на Бонифацио на Корзика, Жан-Шарл Орсучи. Прво, целта е прекрасните плажи да бидат подостапни за обичните туристи.

Имено, правната ситуација во Франција е во основа јасна - плажите мора да бидат слободно достапни за пешаците. Проблемот е што многу од патиштата до нив минуваат низ приватен имот, а сопствениците не сакаат другите да минуваат низ нивниот имот.

Спорот заврши на суд

Општинскиот совет во 2023 година одлучи да отвори одредени патишта за јавноста, но овој обид сè уште не вроди со плод.

На крајот на јуни 2026 година, општината го презеде управувањето со пристаништето, кое дотогаш го водеше приватен оператор. Општината верува дека 35-годишната концесија е истечена, но сегашниот оператор го оспорува овој став и тврди дека нејзиниот договор е важечки најмалку до мај 2028 година. Спорот заврши на суд, кој го отфрли барањето на операторот за привремено прекинување на преземањето на пристаништето, но прашањето за времетраењето на концесијата не е конечно решено.

Оние кои се надеваат на евтин еднодневен излет до „островот на милијардерите“ затоа ќе мора да бидат трпеливи. Градоначалникот Орсучи сака да го направи Кавало подостапен, но во исто време има намера да спречи да биде преплавен од туристи. Затоа, во моментов нема планови за воведување на јавна фериботска услуга од копното на Корзика. Приватните имоти, исто така, ќе останат недостапни за јавноста.

Дополнително, пристаништето е затворено за сезоната од 1 октомври. Според сегашната одлука на општинскиот совет, треба повторно да се отвори на 1 мај 2027 година. Дали сите потоа ќе можат да ги посетуваат плажите на овој луксузен остров, сè уште не е правно разјаснето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема јасен победник на изборите во Израел и покрај рекордната излезност

Излезните анкети покажуваат дека нема јасен победник, бидејќи Нетанјаху и неговиот главен ривал не успеаја да обезбедат сигурна победа.

Нема јасен победник на изборите во Израел и покрај рекордната излезност

Излезните анкети укажуваат на тоа дека нема јасен победник на изборите во Израел, при што се чини дека ниту актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, ниту неговиот главен противкандидат, Гади Ајзенкот, не успеале да обезбедат чиста победа, објави Си-Ен-Ен.

Според излезните анкети, се чини дека премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен ривал, поранешниот началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, не успеале да остварат убедлива победа.

Рекордна излезност

Излезноста на изборите беше највисока барем од 1999 година наваму. Околу три четвртини од 7,3-те милиони гласачи со право на глас излегоа на гласање.

Што следува

Надлежните веднаш ќе започнат со броење на гласовите и обработка на резултатите. Резултатите се очекуваат во текот на следните 48 часа, но формирањето на коалиција може да потрае со денови, па дури и со недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер