Хит на социјалните мрежи: Што се случува кога ќе оставите боксерска вреќа во шума ? (ВИДЕО) - Канал 5

Хит на социјалните мрежи: Што се случува кога ќе оставите боксерска вреќа во шума ? (ВИДЕО)

Симпатичното видео стана хит на социјалните мрежи, а на него се гледа како  два диви овни се обидуваат да излезат на крај со боксерска вреќа.

Хит на социјалните мрежи: Што се случува кога ќе оставите боксерска вреќа во шума ? (ВИДЕО)

Авторот на каналот „Ентри Рам“ на YouTube, со 290.000 претплатници, остави боксерска вреќа и камера во шума, а сцената со овните насмеа многумина и ја погледаа повеќе од 8 милиони луѓе од септември.

YouTube video

Пред околу десетина дена, истиот ЈуТјубер објави уште еден сличен клип, а овој пат остави топка исполнета со вода за овните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц Руф

Продлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.

Тошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц Руф

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, особено во справувањето со современите безбедносни предизвици.

На средбата се разговараше за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, со посебен акцент на навремената размена на оперативни информации, координираното постапување и зајакнувањето на капацитетите на полициските служби.

Министерот Тошковски ја истакна важноста на партнерството со Австрија, како значаен и доверлив партнер на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици кои ги надминуваат националните граници. Притоа, беше нагласена потребата од натамошно продлабочување на соработката преку конкретни активности, размена на искуства и унапредување на оперативните капацитети на македонската полиција.

Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка во рамки на заедничките европски иницијативи и проекти, насочени кон јакнење на владеењето на правото, унапредување на истражните капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и подобрување на институционалните механизми за управување со миграцијата и граничната безбедност. Беше нагласено и значењето на заедничките обуки, експертската поддршка и размената на добри полициски практики.

На крајот од средбата беше изразено заемно задоволство од досегашното партнерство и подготвеност за продолжување на интензивната соработка меѓу двете земји, со заедничка цел – поефикасно справување со безбедносните закани и поголема сигурност за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Народот виде што Муцунски договарал „под радар“ во Софија - пуштање на Михаилова

Ние денеска сериозно ќе инсистираме оваа тема да добие разрешница, затоа што скандалот што го видовме вчера е мегаскандал и нема да остане така како што сака ВМРО.

Жерновски: Народот виде што Муцунски договарал „под радар“ во Софија  - пуштање на Михаилова

За нас, но и за сите граѓани, јасно е дека пуштањето на Ива Михајлова е договорена работа, или, да го цитирам Муцунски, дека тоа е договорено „под радарот“.

Народот сега виде што всушност договорил Муцунски во Софија и за што била средбата со неговата колешка од Бугарија.

Едно се зборува пред граѓаните, меѓутоа сосема друго се прави зад грбот на истите тие граѓани.

И сега сето тоа излезе на виделина.

Истиот тој Муцунски ја уверуваше јавноста дека, цитирам, судската постапка е работа на судството и дека извршната власт не се мешала во сето тоа.

Гледаме дека тоа е ноторна лага каква што ја слушаме од владејачката партија веќе две и пол години.

Тој тврдеше дека македонскиот здравствен систем може да обезбеди соодветна нега и дека присуството на бугарски лекари може да биде само во вид на некаква консултација. Сето тоа веќе паѓа во вода.

Ива Михаилова е пуштена да ја помине македонската граница и, всушност, да ѝ помогне на правдата да ѝ избега, иако е осомничена за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Таа самата потврди дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците знаеле.

Таа слободно ја напуштила земјата, иако судот ѝ ги одзел и бугарскиот и македонскиот пасош.

Според податоците на МВР, тие тврдат дека нема евидентиран излез, што дополнително кажува дека сето ова договорен и монтиран случај.

Почитувани граѓани, овој скандал бара итно институционално итно расчистување, но и политичка одговорност.

Сега гледаме дека коњопојот на Мицкоски во Софија баш и не бил обичен коњопој.

Неговиот досегашен молк само потврдува дека ги штити сите оние што се вклучени во оваа афера.

Меѓутоа, институционална разрешница мора да има. Синџирот на постапување и синџирот на одговорност мора да излезат на виделина.

Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка, затоа што целата граница на нашата држава е под негова надлежност.

Целиот овој скандал и целиот овој случај не може да се сведат на повикување амбасадори на дипломатски разговори, ниту, пак, сега, дури допрва, да се најавуваат разни потерници.

Она на што ние инсистираме е да има одговорност за сите што се вклучени во оваа афера. Надлежните институции треба веднаш да ја поведат постапката за барање екстрадиција, согласно законските услови и меѓународните обврски. Нема оправдување за ова политичко одложување.

Михаилова мора да биде достапна за судската постапка, а институциите мора да постапат и да го обезбедат тоа.

Одговорност мора да има за сите за кои ќе се утврди дека договарале, дека давале незаконски наредби и инструкции, дека овозможиле заминување и дека ја пуштиле Михаилова.

Знаеме многу добро дека во владата на Мицкоски има огромен број функционери со бугарски пасоши. Знаеме дека истите тие функционери имаат фирми во Бугарија и затоа сето ова добива крајно сериозна смисла.

Ние, како партија, ќе инсистираме до крај не само на оставката, туку сите оние што се вклучени во оваа афера да излезат пред правдата, бидејќи оставката на Тошковски ќе биде некаква гаранција дека тој нема да влијае врз истрагата.

Судските одлуки во оваа држава мора да важат за сите. Граѓаните заслужуваат вистина. Македонија заслужува правда.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викторија Бекам откри што прави Дејвид кога сака гостите да си заминат од нивниот дом

Викторија Бекам откри како нејзиниот сопруг Дејвид им дава до знаење на гостите дека вечерата е завршена и дека е време да си одат дома.

Викторија Бекам откри што прави Дејвид кога сака гостите да си заминат од нивниот дом

Тој едноставно почнува да ги гасне свеќите низ куќата. Модната дизајнерка ја сподели оваа анегдота, како и неколку од нејзините правила за организирање вечери, во промотивно видео за нова колекција на производи за домот, пишува „Дејли мејл“.

Дејвид има посебен начин да им каже на гостите дека е време да си заминат

Во видеото што го објави на Инстаграм по повод соработката со германскиот бренд „Вествинг“, Викторија (52) раскажа што се случува кога Дејвид (51) ќе одлучи дека дружењето траело доволно долго.

„Дали знаете што се случува во домот на семејството Бекам кога Дејвид сака гостите да си заминат? Тој буквално оди низ собата, ги гасне свеќите и се надева дека луѓето ќе ја сфатат пораката“, рече таа.

Дејвид претходно јавно зборуваше за своето опсесивно-компулсивно растројство, откривајќи во документарецот на „Нетфликс“ од 2023 година дека често поминува часови чистејќи ја куќата откако остатокот од семејството ќе си легне, бидејќи не сака наутро да затекне неред.

Особено го нервира чистењето на свеќите. „Го отстранувам восокот и го чистам стаклото. Она што најмногу ме нервира е трагата од црн чад од внатрешната страна на стаклото. Знам, чудно е“, рече тој тогаш.

Викторија има строги правила за организирање вечери

Викторија исто така откри кои правила важат кога таа организира вечера. Хартиените салфетки за неа не доаѓаат предвид, а таа тврди дека дури и не би дошла на вечера ако знае дека ќе ја пречекаат со хартиени салфетки.

Таа исто така објасни на што внимава при изборот на прибор за јадење, чаши за шампањ и садови за путер. Особено нагласи дека мобилниот телефон нема место на масата. „Мобилниот телефон никогаш, ама баш никогаш не смее да биде на масата“, рече таа, додавајќи дека тоа е многу неелегантно и нехигиенски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер