Хирург ѝ дозволил на ќерка си (13) да му го дупчи черепот на пациент- скандал во Австрија - Канал 5

Хирург ѝ дозволил на ќерка си (13) да му го дупчи черепот на пациент- скандал во Австрија

Скандал ја тресе Австрија по обвинувањата дека познат хирург ѝ дозволил на својата ќерка (13) да го издупчи черепот на пациент во операциона сала.

Хирург ѝ дозволил на ќерка си (13) да му го дупчи черепот на пациент- скандал во Австрија

Маж (33), кој бил повреден во несреќа во шума во јануари годинава, со хеликоптер бил префрлен во Универзитетската болница во Грац, каде му биле констатирани тешки повреди на главата. На пациентот му била потребна итна операција на главата, а хирургот наводно ѝ дозволил на својата ќерка тинејџерка да го отвори черепот на пациентот, објави Скај Њуз.

Иако операцијата поминала без компликации, младиот човек се уште не може да работи, а обвинителството во Грац покренало истрага и против лекарите, кои биле во операционата сала.

Австриските медиуми пишуваат дека за случајот дознале во април, кога до обвинителството пристигнала анонимна жалба. Несреќниот пациент дознал дури во јули од полицијата „дека се работи за неговата глава“.

Хирургот и специјалистот кој бил во салата за време на операцијата наводно се отпуштени од болница.

Пациентот наводно прво дознал за грозоморниот случај од медиумите, а дури подоцна полицијата го известила дека е „клучен сведок во истрагата“.

„Лежиш таму, не по своја волја, несвесен си, а од тебе прават морско прасе. Не знам како поинаку да го опишам... Ова не може да биде вака“, рекол Питер Фрајберг, адвокат на жртвата.

Тој додаде дека секој кој бил присутен во операционата сала сноси одговорност и наведува дека болницата не контактирала со неговиот клиент за овој инцидент.

„Не е контактиран, ниту објаснување, ниту извинување, ништо“, рече адвокатот.

Специјалистот за траума рече дека „не разбира како некој би можел да дозволи дете да оперира“ под такви околности.

„Операцијата им припаѓа на луѓето кои имаат работа таму и на никој друг. На детето не треба да му се дава дупчалка и да му се дозволи да ја дупчи коската на тешко повреден“, вели Манфред Богнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство.

Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка

На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода А.Н.(35) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал неговиот брат.

На 16.11.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Џ.Б.(51) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Ноќеска (16.11.2026) во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.Д.(37) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

На 16.11.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2026 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Бутел, С.Д.(34) физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.

На 15.11.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.11.2026 околу 18:30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Д.(52).

На 15.11.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.М.(48) од Битола, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал.

По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел.

Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел.

Но, за жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка.

Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува.

А, воедно, како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роберт Патисон е новиот Џејмс Бонд

Официјалниот профил на Џејмс Бонд на социјалните мрежи објави фотографија од актерот Роберт Патинсон, со која се потврдува дека тој ќе ја игра улогата на новиот Џејмс Бонд.

Роберт Патисон е новиот Џејмс Бонд

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд. Патинсон (40) е официјално најавен како наследник на Даниел Крег и стана седмиот актер што го игра познатиот агент 007 во официјалните филмови за Бонд, објави Би-Би-Си.

„Џејмс Бонд се врати“

Патинсон се појавува во промотивно видео по повод објавувањето на агентот 007.

Видеото кое потврдува дека Роберт Патинсон ќе го игра Џејмс Бонд го прикажува англискиот актер со пиштол во рака, облечен во елегантно одело и вратоврска.

Видеото завршува со пораката:

„Џејмс Бонд се врати“.

Како што е наведено, неговиот избор ќе го означи „почетокот на нова ера за еден од најпознатите ликови во историјата на киното“.

Објавата следеше по долг процес на избор на актерот. Патинсон наводно бил еден од петте кандидати кои влегле во потесен избор, заедно со Џошуа О'Конор и Калум Тарнер. Во петокот беше објавено дека на Патинсон му е понуден попрофитабилен договор од другите кандидати, што дополнително ги разгоре гласините дека тој е фаворит за улогата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер