Хиршер победник на велеслаломот во Аделбоден - Канал 5

Хиршер победник на велеслаломот во Аделбоден

Австрискиот скијач Марсел Хиршер е победник на денешниот велеслалом што се возеше во швајцарскиот ски центар Аделбоден.

Хиршер победник на велеслаломот во Аделбоден
Ова за него е петта победа во Аделбоден, а триумфираше со вкупно време 2:39,11 минути.

Второто место му припадна на Алексис Пинтуро од Франција, кој имаше заостанување од 1,13 секунди, додека Норвежанецот Хенрик Кристоферсен го освои третото место со заостаток зад победникот од 1,64 секунди.

Хиршер со 460 бодови е водечки во пласманот за велеслалом пред Американецот Тед Лигети. Во генералниот пласман Хиршер е лидер со 776 бодови, а Норвежанецот Кјетил Јансруд е втор со 624 поени.

Женскиот спуст во Бад Клинхерхајм не се одржа поради силниот ветар (105 километри на час) и високите температури. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино.

Општина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м Кадино

Станува збор за проект кој е дел од пошироката изградба на фекалната канализациона мрежа во н.м Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства.

Со овој препумпен уред ќе се опфати канализационата мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“, при што отпадните води преку веќе поставениот потисен цевковод ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во н.м Кадино, каде ќе се врши нивен третман и прочистување.

Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека вложувањата во канализационата инфраструктура имаат клучно значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за зачувување на животната средина преку современо управување со отпадните води.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти за изградба, реконструкција и проширување на канализационата мрежа во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Ристовска ќе постапуваше по предметот „ТАЛИР 2“ доколку не поднесе оставка

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение.

Савески: Ристовска ќе постапуваше по предметот „ТАЛИР 2“ доколку не поднесе оставка

Изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески, прашан дали обвинителството ќе поднесе жалба на судкската одлука.

Во однос на критиките на дел од партиите дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „талир 2“,савески оцени дека таквите тврдења не одговараат на фактите, а ристовска според него ќе постапувала по предметот доколку не поднесела оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија (недела, 21:00 часот), потврди портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

Веста претходно ја соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а сега е официјално потврдено дека Трамп ќе биде меѓу гостите на завршницата на турнирот.

Неговото доаѓање се случува во момент кога сè уште се дискутира за една од најголемите контроверзии на ова Светско првенство – одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Наводно, токму Трамп стапил во контакт со Инфантино и побарал да се преиспита црвениот картон на напаѓачот на САД, по што ФИФА ја суспендирала казната и му дозволила на Балогун да настапи на натпреварот од осминафиналето против Белгија.

Трамп претходно присуствуваше на најголемите спортски настани во САД, вклучувајќи ги „Супербоул“, финалето на НБА, тенискиот турнир „Ју-Ес Опен“ и „Рајдер купот“, а за време на својот мандат во Белата куќа бил и домаќин на настани на УФЦ.

Минатата година тој го додели трофејот за светски клупски шампион, во натпреварување што исто така се одржа во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер