Хиротонисување на епископот полјански Јаков, новиот владика на МПЦ-ОА - Канал 5

Хиротонисување на епископот полјански Јаков, новиот владика на МПЦ-ОА

 Во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј", Водоча,  ќе биде извршена хиротонијата на новоизбраниот епископ полјански Јаков. 

Хиротонисување на епископот полјански Јаков, новиот владика на МПЦ-ОА

Во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј", Водоча, архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА утрово ќе отслужи Божествена литургија на која ќе биде извршена хиротонијата на новоизбраниот епископ полјански Јаков. Одлуката на Синодот е донесена на 29 септември оваа година.

Синоќа во манастирската црква „Свети Петнаесет тивериополски свештеномаченици" во Струмица се одржа наречение на новоизбраниот епископ. Радосната вест пред верниците ја соопшти Светиот археирејски синод на чело со архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со што одлуката беше потврдена пред црквата и народот.

Со одржување на наречението и воведувањето на новиот владика за нов член на Светиот синод и заедничко причестување со вино и леб, новиот владика седна на заедничка маса со другите браќа.

Епископот полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј" во струмичко Ново Село, и тој е новиот, тринаесетти владика во Синодот.

Тој сега ја носи титулата епископ полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на митрополитот струмички господин Наум.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“

Марта Кос, европски комесар за проширување, изјави дека Србија нема да може да напредува на европскиот пат доколку не воведе санкции кон Русија.

Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“

Вака Марта Кос одговори на прашањето дали за Србија ќе биде можно да влезе во ЕУ доколку не воведе санкции кон Русија.

„Нема да биде можно да напредува земја која не се усогласува со нас во однос на стратешките интереси – а тоа се, се разбира, надворешната и безбедносната политика, односно заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина. Ќе биде многу, многу тешко“, рече Кос.

Сепак, како што вели таа, ЕУ сè уште нема започнато разговори со новата Влада на Србија.

„Значи, прво тие треба да формираат нова влада, а потоа ќе видиме како и дали ќе можеме да продолжиме во оваа област“, ​​изјави Кос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Се потврдува сè што го говоревме.

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски - Александар Вучиќ.

Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје.

Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад.

Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија?

Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија.

Предупредувавме, еве почнува.

Сè што кажавме се потврдува.

Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија.

Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија.

Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.

Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа.

За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес.

Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија.

Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски.

Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе.

А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш.

Истрага. Одговорност.

Доаѓа време на вистина и правда.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 28.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер