Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“
СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага
1Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“
2СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
3Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
КултураХиротонисан епископот полјански ЈаковПретпладнево во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј", во селото Водоча, архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изврши хиротонија на новоизбраниот епископ полјански Јаков.Одлуката на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА е донесена на 29 септември оваа година, а чинот на хиротонија или ракополагањето се случи претпладнево на соборот на епископите. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на Синодот отслужи и Божествена литургија за хиротонијата на новоизбраниот епископ полјански Јаков. -Како помошен епископ трудете се достојно и достоинствено да ги извршувате задолженијата што ќе ви бидат овозможени, а пред сè трудете се постојано да го проповедате Светото евангелие. Бидете постојано исполнет со љубов за сите и со трпение кон сите. Одѕивајте се на духовните потреби на верниот народ. Бидете секогаш подготвен да им дадете утешителен збор, потребен совет на оние што тоа ќе ви го побараат. Оние коишто скршнале упатуајте ги на правиот пат. Бидете секогаш подготвен да им помогнете на оние кои останале без надеж, на оние на кои им исчезнала љубовта, им згаснала верата. Поучувајте со збор, но најмногу со добар пример, порача поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во обраќањето по завршувањето на Божествената литургија. Синоќа во манастирската црква „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици" во Струмица се одржа наречение на новоизбраниот епископ. Епископот полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј" во Ново Село,Струмичко. Тој е новиот, тринаесетти владика во Синодот. Сега ја носи титулата епископ полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на митрополитот струмички, господин Наум. На хиротинијата присуствуваше претседателот на Владата Зоран Заев, потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, градоначалниците на Струмица и Дојран, Коста Јаневски и Анго Ангов, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, и голем број верници и гости.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОстра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“ Марта Кос, европски комесар за проширување, изјави дека Србија нема да може да напредува на европскиот пат доколку не воведе санкции кон Русија.Вака Марта Кос одговори на прашањето дали за Србија ќе биде можно да влезе во ЕУ доколку не воведе санкции кон Русија. „Нема да биде можно да напредува земја која не се усогласува со нас во однос на стратешките интереси – а тоа се, се разбира, надворешната и безбедносната политика, односно заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина. Ќе биде многу, многу тешко“, рече Кос. Сепак, како што вели таа, ЕУ сè уште нема започнато разговори со новата Влада на Србија. „Значи, прво тие треба да формираат нова влада, а потоа ќе видиме како и дали ќе можеме да продолжиме во оваа област“, изјави Кос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрагаПоследните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.Се потврдува сè што го говоревме. Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија. Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски - Александар Вучиќ. Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје. Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад. Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија? Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија. Предупредувавме, еве почнува. Сè што кажавме се потврдува. Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија. Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал. Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа. За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес. Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија. Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски. Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе. А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш. Истрага. Одговорност. Доаѓа време на вистина и правда. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 28.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 кг. домати 2 благи пиперки 2 лути пиперки 3 - 4 чешниња лук 3 моркови 300 гр. сирење 1 пакување пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook