МП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите
2МП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите
СветХирошима одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирањеГрадот Хирошима, во западниот дел на Јапонија, ја одбележа 80-годишнината од атомското бомбардирање на САД во 1945 година, објавија светските новински агенции.Точно во 8:15 часот наутро по локално време, градот одржа минута молчење - моментот кога атомската бомба беше фрлена врз јапонскиот град пред 80 години. Бомбардирањето на Хирошима на 6 август 1945 година го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Втората бомба, фрлена три дена подоцна врз Нагасаки, уби уште 70.000. Јапонија се предаде на 15 август, со што заврши Втората светска војна. Атомските бомбардирања што го забрзаа крајот на Втората светска војна се единствениот пат во историјата кога нуклеарно оружје е употребено во војна. Со брзото намалување на бројот на преживеани, а нивната просечна возраст сега надминува 86 години, годишнината се смета за последен голем настан за многу од нив. „Ни истекува времето и се соочуваме со поголема нуклеарна закана од кога било“, се вели во соопштението од Нихон Хиданкјо, јапонска граѓанска организација на преживеани, која минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за својата иницијатива за укинување на нуклеарното оружје. „Нашиот најголем предизвик сега е да ги промениме државите со нуклеарно оружје кои реагираат на нас со рамнодушност“, додаде организацијата. Претставници од повеќе од 100 земји се придружија на церемониите по повод годишнината. Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и други официјални лица положија цвеќе на споменикот за мртвите. Преживеаните од бомбардирањето и нивните семејства почнаа да им оддаваат почит на жртвите.Тагови: Втората светска војна Хирошима атомско бомбардирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта Речиси половина година полна со ветувања, но и натаму со празни чешми, жителите на гостиварското село Дебреше продолжуваат летните горештини да ги минуваат без капка вода во домовите. Конечно решеавање на овој децениски проблем им беше ветено најдоцна до 15ти јули, но велат состојбата не е мрдната од “мртва точка“ - и натаму надлежните само декларативно се залагаат, а во последниот период ги избегнуваат и нивните повици. Револтот велат кај жителите секојдневно расте, велат тие, па по неколкуте протести, од кои еден помина потензично, најавуваат блокада на главниот пат Гостивар – Охрид. -На новиот директор му се јавив, ми кажуваше „треба ова, треба она, запознаен сум“ – Му реков, во ред, убаво што сте запознаени, но дали имате нешто преземено. Тој вели треба рестрикција, јас му реков дај преземете, ништо од тоа. Повторно го барам прво ѕвонење – ѕвони и телефонот исклучува. Ако ништо не се преземе, ќе мора цело село да се организираме и да се блокираат патишта за да добиеме вода, ова веќе 5 месеци, капка, значи воопшто, капка не е падната од чешмите. Планираме да блокираме после патарина Гостивар и Здуњнска крстосница, тој пат да биде онеспособен тотално, целосно. Тоа е главниот пат кон Охрид. Да, да. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше. Во Гостивар за време на епидемијата се носеа полни цистерни со вода, а во Дебреше не е однесена ниту капка, половина година, вели Исајлоски, кој секојдневно со возилото оди во соседните села да наполни вода за семејството. Се жали, едноставно веќе е и физички исцрпен. -Секој ден одиме, колата ја искршив, по 200л вода ставам во кола, тоа е секој ден, треба да се полнат тие туби, да ги растовариш, да ги натовариш во автомобил, кога ќе дојдеш до село да ги истовариш. Тоа е секој ден значи и раце и коли и нозе, ова е невидено, пет месеци, пет, можеби и повеќе, капка вода од цевките нема потечено, многу се изреволтирани сите. Во Македонија има и села и населби, ние сме Македонија целосно, не се само градовите. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше. Дека во првите две недели од јули проблемот ќе биде трајно решен, градоначалникот на Гостивар Лимани тогаш уверуваше и во изјава за Канал 5. На минатиот протест, жителите на Дебреше пред општината симболично донесоа кофи да им бидат наополнети, а дојде и до турканица при што беше искршено стакло од зградата на општината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДосега потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализираниДодека помладите со западно нилска треска се испишуваат од болница, нови седумина сомнителни за западно нилска треска се хоспитализирани на Инфективна, а тројца се најкритични и се борат за живот.Додека помладите со западно нилска треска се испишуваат од болница, нови седумина сомнителни за западно нилска треска се хоспитализирани на Инфективна, а тројца се најкритични и се борат за живот, потврдуваат здравствените власти. Најмладите 24 годишно момче и 25 годишна девојка веќе се пуштени дома, вели Министерот за здравство Сашо Клековски, но поради тоа што бил засегнат мозокот за дел од испишаните пациенти пак ќе треба мецинска помош односно рехабилитација. За тоа дали најлошото помина или допрва доаѓа, Клековски вели дека има добри знаци на стагнација на епидемиолошката крива, што може да значи дека мерките како што е прскањето од земја даваат резултати.ишно момче и 25 годишна девојка се пуштени дома. Сепак, тоа поради што бил засегнат енергијата за нив и за делот од спе Во меѓувреме, Општина Кисела вода донесе одлука да исклучи три фонтани, од кои две во населбата и село Драчево, а и неколку јавни чешми, бидејќи поради високите температури и задржувањето на стоечка вода, овие места се оценети како потенцијални жаришта за размножување на комарците. Од Општина Аеродром велат дека во координација со здравствените власти ја следат состојбата, но засега не се планира исклучување на фонтани или јавни чешми за вода. Од Ѓорче пак, велат дека освен на една локација каде што има проблем со дефект на хирант на кој се работи немаат застоени води. Во главно, речиси сите општини што ги контактиравме кажаа дека ако е неопходно, иако е непопуларна мерка, ќе се спроведе. Здравствените власти за наредните денови најавија дека објават интерактивна мапа, за сите во реално време да знаат каде и какви мерки се преземаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаМП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Лазо Ѓорѓиевски на која беа разменети мислења за актуелните состојби.Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Лазо Ѓорѓиевски на која беа разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси кои се од значење за унапредување на правосудниот систем. За успешна реформа на правосудниот систем потребен е отворен и суштински дијалог со сите професии и институции при креирањето законски решенија кои треба да обезбедат поголема правна сигурност и ефикасна заштита на правата на граѓаните. Соработката меѓу Министерството за правда и Адвокатската комора ќе продолжи и во иднина со цел создавање модерен, ефикасен и професионален правосуден систем, во согласност со европските стандарди, соопштуваат од Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook