Хиперболидот Czinger 21C му ја одзеде престижната титула на Koenigsegg (ВИДЕО)

Нов шампион во категоријата од 0 до 400 км на час и назад е хиперболидот Czinger 21C.

Цизингер 21Ц за 0-400-0 км на час стигна за помалку од половина минута, за само 29 секунди. Со тоа го сруши рекордот на Коенигсг Рејџер, на кому му беа потребни 31,49 секунди за да го направи истото. Ова се официјални информации од компанијата што треба да се земат со претпазливост сè додека не се докажат од снимките. Сепак, тоа не значи дека Czinger 21C не вреди за внимание, напротив.

Забрзува од 0 до 100 км на час за импресивни 1,9 секунди. Потребни се само 15 секунди за да се забрза до 300 км на час, а потоа да запре. Најголемата брзина е 432 км на час со аеродинамичен потисок од најмалку 250 килограми на 250 км на час.

Автомобилот има 2,88-литарски V8 мотор, поддржан од два турбополначи и електрични мотори сместени на предната оска. Произведува 1250 КС и врти до 11.000 вртежи во минута. Со тежина од 1250 килограми, возилото може да се пофали со приближен сооднос моќност-волумен 1: 1.

Автомобилот сè уште не е во продажба, а компанијата веќе најави создавање на нова полесна верзија наречена Lightweight Track Configuration. Тоа е возило со идентична моќност на моторот и маса од само 1.218 килограми. Производителот тврди дека оваа верзија ќе има аеродинамичен потисок од 790 килограми на брзина од 250 км на час. Според производителот, автомобилот ќе достигне максимална брзина од 380 км на час.

Czinger 21C е дизајниран и создаден со 3Д технологија за печатење во Лос Анџелес, а ознаката 21C го означува 21 век. Доаѓа во Европа следниот месец, каде премиерно ќе настапи на Саемот за автомобили во Женева. Најавено е производство на само 80 примероци по цена од околу 2 милиони евра.

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај.

Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион

Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“.

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на пртедметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

притисни ентер