3„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
СветХезболах: Иран нема да биде вовелечен во потенцијална војна со ИзраелВо случај на израелска офанзива во северен Либан, Хезболах ќе се бори без помош на Иран, изјави лидерот на таа проиранска милитантна група Саид Хасан Насрала .Во случај на израелска офанзива во северен Либан, Хезболах ќе се бори без помош на Иран, изјави лидерот на таа проиранска милитантна група Саид Хасан Насрала на средбата со водачот на специјалните единици на иранската револуционерна гарда, Есмаил Кани. Хезболах ја поддржува палестинската група Хамас од почетокот на војната во Газа, а поради можното продолжување на војната, Насрала истакна дека не сака Иран да биде вовлечен во таков конфликт, пренесува Ројтерс. Официјални лица на израелските безбедносни служби тврдат дека не сакаат поширок конфликт, додека израелскиот министер за одбрана Јоав Галант посочи дека Израел сака да ги отстрани борците на Хезболах од границата, но и дека има простор за дипломатски решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА потврди дека била цел на хакери: Украдени се 12 GB податоциСветската фудбалска федерација потврдува дека хакери успеале да украдат приватни и деловни податоци. ФИФА потврди дека била жртва на сајбер напад и дека хакери наводно добиле ограничен пристап до лични и деловни податоци. „ФИФА тесно соработува со надлежните органи, вклучително и полицијата“, се вели во соопштението на здружението, според АП. Во соопштението не се наведува кога се случил нападот или кои информации биле хакирани. Минатата недела, група која се нарекува себеси „Клуб на хакери за згодни момчиња“ објави на Твитер фотографија од документи за кои вели дека ѝ припаѓаат на ФИФА. Три дена подоцна, групата се чини дека ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека се преземени повеќе од 12 гигабајти интерни документи.Тагови: ФИФА хакери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Германија уапсени државјани на Ирак, планирале напади врз синагоги. „Тие се поврзани со Иран“Двајца Ирачани се уапсени во Германија под сомнение дека планирале напади врз објекти поврзани со САД и еврејската заедница, вклучувајќи синагоги, соопшти Јавното обвинителство на Карлсруе. „Ирачките државјани Мостафа Ал Р. и Амир Ј. се осомничени дека се членови на терористичка организација и подготвуваат напади врз цели во Европа“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Карлсруе. Двајцата осомничени се во близок контакт со проиранската терористичка организација ХАЈИ, која е обвинета за организирање серија напади врз објекти поврзани со САД, Израел или еврејските заедници во Европа од почетокот на војната во Иран. „Мостафа Ал Р. и Амир Ј. основале огранок на оваа организација во Германија со цел подготовка и извршување на нападите и регрутирале луѓе кои ќе ги извршуваат нападите со експлозиви“, се вели во соопштението. Понатаму се наведува дека во март оваа година непознати лица се упатиле кон синагогите во Келн и „друг европски град“ со експлозиви, но дека од непознати причини не е извршен напад. Истовремено со апсењето на двајцата осомничени во Келн и Хајделберг, извршени се претреси во 17 други објекти низ цела Германија. Дејствијата на државното обвинителство се базираат на информации добиени од германската внатрешна тајна служба, Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз женитеСобранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените – наместо празно портокалово светло, веднаш да се изгласаат електронските нараквици!На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Собранието на Македонија не го положи испитот. Наместо празни декларации, протоколарни говори и осветлување на институциите во портокалово, ќе беше вистински и симболичен успех токму на овој ден пратениците да го усвоеја предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за насилниците – со што директно ќе се превенираа нови трагедии и ќе се спасеа човечки животи. „Делата говорат многу повеќе од зборовите. Не сакам веќе да говориме, барам во овие 16 дена да го усвоиме законот кој го поднесовме. Во спротивно, наместо за ‘активизам‘, ќе говориме за собраниски неуспех“, порача Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и лидерка на ЛДП. Додека власта и институциите испраќаат декларативни пораки за поддршка, трагичната реалност говори дека податокот на Обединетите нации за зголемување од 70 проценти на пријавените случаи на родово базирано насилство во првите десет месеци од 2026 година е аларм за итна реакција, а не повод за уште една прес-конференција. Жените-жртви немаат луксуз да чекаат уште 16 дена, ниту пак нова работна група, бидејќи насилниците не прават пауза, а за нив секој изгубен ден е прашање на живот и смрт. Двапати досега пратеничкото мнозинство дозволи предлог-законот на ЛДП за електронски нараквици да биде одбиен и одложуван, додека зад нас веќе броиме 7 фемициди и епидемија на насилство. Телефонски линии и ПР-кампањи не можат да ја заменат одговорноста на државата. ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици во текот на овие 16 дена, доследно спроведување на заштитните мерки, функционални засолништа, бесплатна правна и психолошка помош за жртвите, како и конкретна одговорност за секој институционален пропуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook