Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
1Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
СветХезболах доби страшно ЕМП оружје, експертите загрижени: Ниту лебарка нема да преживее Иран им обезбеди на Хезболах и другите ирански сили со електромагнетно оружје што може да ги оневозможи комуникациските системи и да ги исклучи радарите, објави кувајтскиот весник Ал-Џарида.Ротем Меј-Тал, извршен директор на Asgard Systems, компанија која развива воена технологија за израелската одбранбена индустрија и иницијатор на натпреварот „30U30 Defense“ во 2024 година, разговараше за ова прашање со Jerusalem Post. Како прво, што е електромагнетно оружје? „Да се опишува електромагнетно оружје е како да се зборува за нешто што никој никогаш не го видел, но сите разбираат дека постои и е присутно во реалноста - во нашиот случај, на геополитичката и воената шаховска табла на Блискиот Исток. Во суштина, замислете гром да удри во зграда во која живеете, не удирајќи во громобран или антена, туку во целата зграда, предизвикувајќи прекин на електричната енергија на сите електрични панели, бојлери, водоводни и електрични системи, домашни апарати, компјутери, телевизиски системи, па дури и медицински системи кои спасуваат живот, но во овој случај, системите можат да изгорат внатрешно како во електричен краток спој“. Каде е насочена оваа закана? „Се сомневам дека заканата е повеќе фокусирана на базите, стратешките капацитети и електричната мрежа на Израел. Сепак, невозможно е прецизно да се каже бидејќи такво оружје никогаш не било користено во историјата, така што нема извори или референци од кои може да се научи. " „Физиката е иста на кој и да е начин да изберат да користат таква способност, но се сомневам дека моделот најверојатно ќе биде во форма на ниско летачки дрон. Слично на нападот на Хутите со надграден дрон Самад 3, кој погоди близу Американската амбасада во Тел Авив минатиот викенд, само наместо кинетичка боева глава во прав, предниот дел на дронот може да биде вооружен со механизам за активирање на електромагнетен пулс (EMP), кој се активира при лет и емитува ЕМП при контакт со целта. Но повторно, ова е главно шпекулација, бидејќи до денес нема документација за употреба на такво оружје или технологија“. „Според мое лично мислење, не само што ова е ескалација на картата на потенцијална закана, туку треба да се смета за блиска до заканата од неконвенционално оружје. Како што ниту една суверена земја не би ја толерирала заканата од неконвенционално оружје, истото важи и овде. Тоа е затоа што во 2024 година електронските процесори управуваат со сите витални системи во државата Израел - инфраструктура, медицински системи, безбедносни и воени апликации. „Помислете на аналогијата од 1960-тите која опишува дека при нуклеарна експлозија би преживеале само лебарките. Во истата насока, при електромагнетен напад, „лебарките“ (прекар за електронските компоненти во електричните возила) нема да преживеат овој пат. Тоа ќе нè погоди сите нас во секојдневниот живот и при подготвеноста за итни случаи, како во покер, кога некој ќе го подигнете влогот на масата, сите застануваат и ги гледаат во очи за да го разберат нивниот следен потег или мислат дека блефираат па треба да ги погледнете во очи“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во ТетовоПри претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријаваТагови: Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканКонститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на властаСо трескавични овации и со добро познатите слогани „Победа“ и „Пумпај“, стотици граѓани ја пречекаа новата власт во Српското собрание.140-те пратеници на Српската листа еден по еден како херои влегуваа во Законодавниот дом, каде што беше конституиран новиот состав на Парламентот. А внатре, судир на две Србии, и кадровски и идеолошки. Од една страна, претставниците на студентите, луѓе без речиси никакво политичко искуство, но со убедливо мнозинство и импресивно образование. Доктори на науки, професори, но и адвокати, културни работници спортисти. Од другата страна, прв пат во опозиција по 14 години доминантна власт, Вучиќ и неговата Српска напредна партија, која уверува дека многу брзо ќе ги врати работите назад. По верификувањето на мандатите, 250-те пратеници положија заклетва. Седницата ја водеше најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ. -Се обврзувам дека должноста народен пратеник ќе ја вршам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот. Ќе ги бранам човечките и малцински права и граѓанските слободи. , Додека пратениците положуваа заклетва, пораките од надвор беа дека нема да им простат ако скршнат од ветувањата Србија да ја направат демократска и ослободена од корупција. -Дојдовме да ги поздравиме нашите луѓе што народот ги избра и сите тие луѓе да бидат свесни дека ако не работат во интерес на граѓаните лесно ќе бидат заменети. -Успеавме, за ова се боревме. Погледнете ги овие среќни луѓе додека некои треба да влегуваат од задната врата. А, денот на токму на влезната врата почна тензично, кога пратеничката на Напредњаците, актерката Лидија Вукучевиќ беше полеана со јогурт. -Немам зборови. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа почнаа да ме кубат за коса, па ме полеаваасо јогурт. Тоа е недопустливо за било кој поединец. , изјави Лидија Вукичевиќ, пратеничка на Српска напредна партија -Вакво нешто никој никогаш не доживеал. Слободата ќе се врати во Србија многу брзо. , изјави Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија Констуитутивната седница која ја одбележаа две долги паузи, треба да се заокружи со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Акредитирани се околу 200 новинари, а седницата организирано се следи ширум зејава – во амфитеатрите, рестораните, кафулињата.. -Очекувам новото собрание да работи како што треба да работи собрание на една нормална демократска држава., вели жителка на Белград. -Прв пат доживеаме да не ја читаме историјата од книгите, туку сами да а пишувем и дека еден ден нашите деца и внуци ќе ја учат историјата што самите ја напишавме. , вели жителка на Белград. Од денеска течат и законските 90 дена за избор на нова влада. Српската листа засега не го открива името на идниот премиер. Во јавноста досега се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на носителот на листата, кардиологот Илија Срдановиќ и на екс гувернерот на Народна банка, Дејан Шошкиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во ГинисТој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Планинарот Сашко Кедев на 63 години и 14 дена го искачи последниот врв над осум илјади метри и е највозрасниот човек кој успеал да ги искачи и симне врвовите во зоната на смртта и сите највисоки врвови на седумтте континети, вака македонскиот каридолог е запишан во Гинисовата книга на рекорди. За професорот Кедев ова е затоврање на еден круг на патешествие и самиот денеска со велгувањето во Гинисовата книга на рекорди си го постаува прашањето „како е жив и излегол од одредени тешки предизвици“? Задодоволен што го има неговото име, но и тажен и празен што неговите водичи на сите патишта над осум илјади метри загинаа во лавина. Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвоите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Кога искачувате се фокусирани на моментот, не мислите на се друго. така е и што да правите во животот потрено е трпение и мир. Расположено раскажува дека кругот со над осум илјади метри е затворен, но сигурно ќе се врати во Непал. Во моментов е посветен во воведувањето на новините во кардиологијата и секако убаво кажаниот збор за здравјте и важноста. Заедно со неговиот тим и докторката Билјана Зафировска објавиле медицинско достигнување во признато списание. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32