Хелсиншки комитет: Да се санкционираат образовните установи кои злоупотребуваат деца во политички цели

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели.

Имено, на 17.10.2019 година, на фејсбук страната од училиштето се појави фотографија на која стотици ученици, во придружба на наставниците и останатиот персонал од училиштето, стојат под турско знам и упатуваат војнички поздрав за поддршка на турското воено движење, што несомнено алудира на турската воена офанзива во Сирија.

Организирањето на ваквиот настан и иницирањето на ваквото постапување на учениците од страна на наставниот кадар и директорот на училиштето претставуваат директна повреда на чл. 11 од Законот за основното образование, кој експлицитно забранува секаков вид на политичко организирање и дејствување во основното образование. Воедно, чл. 172 од истиот Закон предвидува изрекување на глоба во износ од 1.600 евра во денарска противвредност ако се организира политичко и верско организирање и дејствување и се истакнуваат партиски и верски обележја во основното образование, односно ако се изврши повреда на чл. 11.

И со Законот за заштита на деца експлицитно се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, а во член 12 став 6 од овој закон е утврдено дека: ,, Државата и институциите на системот се должни да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат правата на детето и за спречување на сите облици на дискриминација и злоупотреба без оглед на местото каде што се извршени овие дејствија, тежината, интензитетот и нивното времетраење.’’

Хелсиншкиот комитет за овој случај ќе ги извести Државниот просветен инспекторат и Народниот правобранител и ќе ги преземе сите потребни постапки за утврдување на посочените повреди на законите.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

Јонуз: Бугаринот не ти е крив за сопствената ввнатрешната деструкција

„Македонизмот, Македонштината, суштината, духот, или ја носиш или ја негуваш и надградуваш. Или сам ја воздигнуваш или не“

Македонизмот, Македонштината, суштината, духот, или ја носиш или ја негуваш и надградуваш. Или сам ја воздигнуваш или не. Бугаринот не ти е крив за сопствената ввнатрешната деструкција, тоа што си автофаг народ сам себе си се јаде. Воздугнувањето подразбира кохерентност, единство и национално чувство што бетонира достоинство за сопственото чувство. Кога душата ја продаваш за еден пасош, од каде дека има над 3000 Бугари, кога тука има над 100000. Јаво го повикувам Бугарското МНР да повели да објави листа кои се тие што се потпишани дека по мајка или тактко имаат бугарски нациопнални корени, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Поранешниот адвокат на Трамп: Доналд не мислеше на Меланија кога ѝ плаќаше на порно ѕвездата

Доналд Трамп „не размислуваше за (својата сопруга) Меланија“ кога и се исплаќаше на поранешната порно ѕвезда, изјави пред судот неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен.

Коен пред судот рече дека Трамп лично одобрил тајно плаќање од 130.000 долари на Сторми Даниелс за наводна сексуална врска во 2006 година.

Плаќањето не е незаконско, но Трамп е обвинет за фалсификување записи за да го скрие - обвинение што тој го негира.

Мајкл Коен, поранешен адвокат на поранешниот претседател Трамп, сведочеше на судењето во Њујорк.

Адвокатите на Трамп ја претставија тајната исплата како обид да се заштити сопругата на Трамп, Меланија, од гласини и малтретирање.

Сепак, Коен рече дека неговиот шеф бил единствено загрижен за ова додека се кандидирал за претседател.

„Тој не размислуваше за Меланија. Сѐ беше за кампањата“, рече тој, што го поттикна Трамп да одмавне со главата како одговор, според Скај њуз.

Коен пред судот изјави дека слушнал дека Даниелс размислувала да ја продаде својата приказна и рече дека на неговиот шеф му треба брза акција.

Сведокот тврдеше дека Трамп се налутил кога дознал за приказната на порно ѕвездата и му рекол: „Мислев дека ти се погрижи за ова“.

Коен рече дека Трамп му рекол: „Ова е катастрофа, целосна катастрофа. Жените ќе ме мразат. Момци, тие мислат дека е кул, но ова ќе биде катастрофа за кампањата“.

Коен рече дека го прашал Трамп како приказната може да влијае на неговиот брак со Меланија, а Трамп наводно одговорил: „Не грижете се... колку долго мислите дека ќе бидам на пазарот? Не долго“.

Коен рече дека коментарот го навел да заклучи дека „сето ова е за кампањата“.

Трамп ја негира аферата, а неговите адвокати велат дека Коен дејствувал сам - тврдење што тој го отфрли на суд.

Тој им кажал на поротниците во Менхетен дека „за сè треба потписот на Трамп“ и дека му било наредено „само да го направи тоа“.

Тој рече дека основал компанија-школка - наведена како „консултантска компанија за недвижнини“ - за да ја изврши исплатата.

Обвинителите велат дека Трамп подоцна ги вратил парите и ги прикрил со тоа што ги евидентирал како правни такси.

Судот, исто така, слушнал снимка од разговор меѓу Трамп и Коен за тајните пари кои наводно ѝ биле исплатени на друга жена, поранешната манекенка на Плејбој, Карен Мекдугал, со која тој исто така наводно имал афера.

Во видеото, Коен предлагал да се основа друга компанија за да му се оддолжи на Дејвид Пакер - за кој рече дека обезбедил 150.000 долари за да ја прикрие приказната.

Поранешниот шеф на National Enquirer претходно сведочеше дека ја купил приказната за да ја прикрие и на крајот решил да не бара отштета.

Подоцна на видеото се слуша како Трамп сугерира дека можеби е подобро да ги плати 150.000 долари во готово.

Коен му рече на судот дека ова е „да се избегнат секаков вид на хартиени трансакции“.

57-годишниот Коен, кој еднаш рече дека ќе прими куршум за Трамп, работел за него речиси една деценија.

Тој се изјаснил за виновен за прекршување на финансирањето на кампањата во 2018 година поради исплата на Сторми Даниелс и одлежал затворска казна, но во тоа време обвинителите не поднеле обвиненија против Трамп.

притисни ентер