Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
ТехнологијаХеликоптерот на НАСА по втор пат надлета над Марс, овојпат со подолг лет (ФОТО)Минијатурниот хеликоптер Ingenuity на НАСА успешно го заврши својот втор лет над површината на Марс, само три дена откако влезе во историјата по првиот контролиран лет на друга планета во нашиот соларен систем.Историскиот лет во понеделникот траеше 39 секунди, а Ingenuity, тежок околу 1,8 килограми, полета на висина од околу три метри, остана на едно место 30 секунди, а потоа се врати на површината на Црвената планета. Денеска, хеликоптерот леташе цели 52 секунди и имаше покомплексен план за летање, пишува Space.com. "Хеликоптерот на Марс успешно го заврши својот втор лет додека правеше црно-бела фотографија со својата навигациска камера. Се искачи на поголема височина, леташе подолго и изведуваше страничен лет", напишаа на Твитер вработените во лабораторијата за реактивен погон на НАСА. За време на денешниот план за летање, Ingenuity требало да се искачи на висина од 5 метри, да лебди во место некое време, а потоа да се движи странично 2 метри. После тоа, морал повторно да лета во место, да ја сними околината со камера во боја, а потоа да слета. Роверот „ Perseverance “ на НАСА ја гледаше и снимаше целата оваа акција од растојание од 64 метри. Неговите снимки започнале да пристигнуваат на Земјата во 3:20 часот по полноќ. Марс има една третина од гравитацијата што ја имаме на Земјата, а атмосферата е исклучително ретка, само 1% од густината на онаа на Земјата. Овие фактори го отежнуваат контролирањето на летот на Марс, пишува Си-Ен-Ен. Хеликоптерот веќе испрати црно-бела фотографија од овој втор лет што ја покажува сенката на хеликоптерот над површината на Марс. НАСА ќе се обиде да изврши уште три контролирани летови во текот на следната недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаСерафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекотоСточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман.Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај. Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства. На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, беше истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува значаен чекор кон стабилизирање на сточарското производство во регионот. Покрај ова, се разговараше и за откупната цена на млекото, исплатата на субвенциите, како и за други прашања што се важни за унапредување на условите за работа на сточарите. „Решавањето на проблемот со откупот на млекото беше наш приоритет, бидејќи македонските сточари заслужуваат сигурен пласман и извесност за својот труд. Ќе продолжиме да работиме на создавање фер услови за производство, економска стабилност и политики што произлегуваат од директните разговори со луѓето на терен“ истакна Серафимовски. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи активно да се залага на решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, обезбедувајќи конкретни резултати и поддршка за домашното производство, со цел изградба на силен, конкурентен и одржлив аграр и сигурна иднина за македонските граѓани. Центат за комуникции и аналитика ЗНАМТагови: Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќајНа 10.07.2026 на подрачје на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС за БПС при СВР Струмица реализираа превентивни активности во рамки на кампањата ,,Не користи мобилен телефон додека возиш". На возачите им беше укажано за забраната за користење мобилни телефони согласно законот и ризикот од несакани последици при употреба на истите додека управуваат моторни возила. Денеска (11.07.2026) полициски службеници од ПО за БПС при ОВР Кавадарци, во Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот - носи кацига“. Целта на активноста беше да се влијае на зголемување на сообраќајната култура кај возачите на мопеди и мотоцикли и да се подигне свеста за одговорно учество во сообраќајот преку почитување на сообраќајните правила и прописи. Посебен акцент беше ставен на обврската за носењето на кацига како за возачите така и за сопатниците, во насока на зголемување на личната безбедност. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Денеска (11.07.2026), на градскиот плоштад во Гостивар се одржа превентивно-едукативен настан посветен на безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот. Настанот беше организиран од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со Полициската станица од општа надлежност Гостивар и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, а по претходна иницијатива и известување од Мото клубот „GoBikers“ од Гостивар. Активноста е дел од Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. На настанот учествуваа околу 20 мотоциклисти од клубот „GoBikers“, кои на присутните граѓани им ја појаснуваа важноста на одговорното управување мотоцикл. Во рамките на активностите, во соработка со Црвениот крст – Гостивар, беше изведена симулациска вежба за укажување прва помош при сообраќајна незгода во која учествува мотоциклист. Целта на вежбата беше да се прикаже брзата и правилна реакција која спасува животи. Дополнително, волонтерите од Црвениот крст на посетителите им делеа вода за освежување. Отсекот за превенција при СВР Тетово на плоштадот постави едукативен штанд под мотото „Секогаш носи кацига и заштити го животот“. На граѓаните и на учесниците во сообраќајот им беа делени летоци со наслов „Кацига или глава – Изборот е твој“, со кои се испраќаат клучните пораки за безбедност. Летоците се изработени во соработка помеѓу Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР на РСМ и Факултетот за безбедност – Скопје, со цел подигнување на сообраќајната свест и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит од кои по две во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и Кавадарци и едно лице во Тетово управувало возило под мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter