Хеликоптерот на НАСА ги сними првите фотографии на Марс (ВИДЕО)

Вчера  НАСА ја откри првата фотографија во боја од хеликоптерот  Ingenuity на Марс, снимена преку неговата камера.

Според НАСА, сликата е направена на 3 април, додека хеликоптерот со соларно напојување сè уште бил под роверот откако полетал.

Неколку слики со поголема резолуција НАСА очекува да бидат направени за време на секој тест лет на Ingenuity. Погледот на дното на кратерот Jезеро на Марс и дел од две тркала на роверот Perseverance на НАСА е фатен на фотографиите во боја на хеликоптерот Ingenuity. Клучна цел за мисијата „ Perseverance “ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на древен микробиолошки живот. Хеликоптерот е дел од таа мисија. Ова е првпат Ingenuity да биде сам на површината на Марс. Но, сега има потврда дека е направен со вистинска изолација, вистински грејачи и доволно енергија во неговата батерија за да ја преживее студената ноќ, што е голема победа за тимот. „Возбудени сме што продолжуваме да го подготвуваме Ingenuity за неговито прв тест лет.“ , објавија од НАСА.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер