3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
Шоу бизХелен Мирен: Меланија ќе ја покаже својата мрачна словенска душаАктерската легенда Хелен Мирен нема влакна на јазикот и отворено разговара за сите теми од модата, сексот, феминизмот до политиката.Славната оскаровка, која неодамна го прослави својот 72-ти роденден, ја краси насловната страница на најновото издание на магазинот „Allure” за кој меѓу останатото зборуваше и за стареењето. „Кога ќе го слушнеме зборот ’антиејџинг“ знаеме дека старееме. Сите сакаме да изгледаме и да се чувствуваме најдобро што можеме“ – изјави Хелен Мирен, која не сака да ја третираат како да има 72 години. „Страшно се навредувам и навистина сум лута доколку луѓето со мене се однесуваат како да имам 72 години. Мразам кога луѓето стануваат и ми го препуштаат местото. Не, не и не! Не го сакам вашето место! – изјави легендарната актерка, која признава дека денеска и е појасно зошто додека била млада ја сметале за сексапил. „Во моите дваесетти ми зборуваа дека сум секси. Бев тотално клише, руса коса, гради, струк, а тоа тогаш го мразев бидејќи не беше модерно. Тогаш во мода беа слаби со цигари облечени во црно, а јас никогаш не бев во таа категорија“ – изјави Хелен Мирен и додава дека за неа денес најсексапилни жени на светот се Џесика Честејн и Натали Портман, кои се многу интелигенти што според неа ги прави уште посексапилни. Во интервјуто Хелен Мирен не бегаше ни од разговорите за политика, поточно за американското семејство Трамп. Зборуваше и за познатата снимка во која Меланија ја оттурнува раката на својот сопруг, претседателот на САД. „Го гледам тоа и си мислам таа е една од најмоќните жени на светот бидејќи може да го сруши. Тоа за малку ќе го направеше и тоа само со рака. Јасно му даде до знаење да не ја допира. Знаете, јас сум по потекло од Источна Европа, а ние имаме мрачни души. Ќе видите, таа мрачна словенска душа наскоро ќе се покаже“ – изјави Хелен Мирен, која беше многу поостра спрема ќерката на Трамп, Иванка и нејзината неодамна објавена книга „Women Who Work” (Жените кои работат). „Нејзината книга нема никакви допирни точки со тоа како повеќето жени живеат, таа им советува да земат малку време за себе за да отидат на масажа. Ма, дајте ве молам“ – коментираше Хелен Мирен, која Трамп го нарече “диносаурус“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook