Хелен Мирен: Кога бев млада ме трeтираа како парче месо - Канал 5

Хелен Мирен: Кога бев млада ме трeтираа како парче месо

Оскаровката Хелен Мирен со совети за младите актерки како да се спасат од сексуални напади од колегите.

Хелен Мирен: Кога бев млада ме трeтираа како парче месо
Мирен им препорачува на младите колешки да снимаат со телефони секогаш кога се во друштво со ,,лигави типови” .

Таа во интервју за Вог вели дека во младоста била третирана како парче месо и затоа посакува да можела да се спротистави .

,, Да се биде стара е добро, но сакам да имам 18 години само за д аим кажам на некои каде им е местото “ , рече Мирен .

Актерката која има 72 години рече дека се шокирала од некои колеги и нивната настраност по откривањето на скандалот со злоупотребата на жените во филмската индустрија .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)

Вкупно 6.629 лица се уапсени за време на протестите на средношколците и студентите во градовите низ Франција, а повредени беа 761 полицаец, како и 215 ученици и 89 наставници, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)

Тој рече дека протестите брзо станаа сериозни и дека досега вклучиле најголем број училишта во Франција и дека бројот на учесници бил поголем од вообичаеното, објави BFM TV.

Нуњез, исто така, рече дека е „претерано да се зборува за полициска репресија“ за време на протестите во средните училишта.

„Тоа е првата вистина што треба да се утврди: нема интервенција кога има средношколци кои демонстрираат мирно“, рече Нуњез.

Протестите на француските средношколци започнаа кон крајот на септември во Кретеј, предградие на Париз, а потоа се проширија низ целата земја, со барања за подобри услови во училиштата, поголеми инвестиции во образованието и решение за проблемот со недостигот на наставници.

Најтешко повредени во протестите беа 15-годишен ученик чија рака беше откината од граната солзавец во Ленс на 5 октомври, како и 14-годишник кој беше погоден во лицето од таква граната во Сен-Уен-ла-Мон на 28 септември, при што се здоби со сериозни повреди на вилицата и забите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Таа, третирајќи ја Грција како важен сосед и потенцијален стратешки партнер, изрази искрено очекување за отворање ново поглавје во меѓусебните односи, во духот на добрососедството, градено низ bona fide политика.

За Сиљановска-Давкова, Хеленската Република, како земја од регионот со најдолго искуство во Европската Унија, има историска и политичка одговорност за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Во пресрет на грчкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, таа очекува засилен грчки ангажман насочен кон исполнување на ветувањата од Солунската агенда во далечната 2003 година.

Во однос на економската соработка, претседателката ги издвои Коридорот 10 и гасниот интерконектор како проекти од стратешко значење за обете земји, заради сигурниот гарантиран придонес кон поголема поврзаност, економски развој и регионална енергетска безбедност.

Претседателката ја поздрави грчката иницијатива за впишување на регионот на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО, заради неговата исклучителна природна и културна вредност.

Таа цврсто верува во моќта на културната дипломатија, водена од фантастичниот успех на грчко-бугарско-македонската изведба на сценската кантата „Carmina Burana“.

Амбасадорот Малукос изрази подготвеност за добрососедството, градено преку конструктивен политички дијалог и доследно почитување на меѓународното право.

Тој вети силна грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето.

Присуството на грчките компании во земјава, амбасадорот го оцени како важен економски мост.

Сиљановска-Давкова упати срдечни поздрави до грчкиот претседател, Константинос Тасулас, и до грчкиот народ.

На крајот, на амбасадорот Малукос, му посака добро здравје и успешна работа, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО со предупредување: Лековите за слабеење не се препорачуваат за деца помлади од 10 години

Светската здравствена организација (СЗО) силно препорача лекови за слабеење да не се користат кај деца под 10 години. 

СЗО со предупредување: Лековите за слабеење не се препорачуваат за деца помлади од 10 години

Во неа се вели дека не се знае доволно за тоа како моќните лекови би можеле да влијаат на нивното здравје на долг рок.

СЗО препорача децата на таа возраст да се фокусираат на здрава исхрана и физичка активност, додека кај адолесцентите на возраст од 10 до 19 години, употребата на лекови може да се разгледа само ако програмите за промена на животниот стил, спроведени под стручен надзор, не дале резултати, објавува Блумберг.

СЗО, исто така, изјави дека баријатриската хирургија, или операцијата за намалување на желудникот, може да се разгледа под „строго дефинирани услови“ кај адолесценти со тешка дебелина.

„Нема доволно докази за употреба на лекови кај мали деца“, рече Луз де Регил, директор на Одделот за исхрана и безбедност на храната на СЗО, додавајќи дека новите научни откритија би можеле да доведат до различни препораки во иднина.

Доколку здравствените власти ширум светот ги следат овие упатства, тоа би можело да ја ограничи употребата на нова генерација моќни лекови за слабеење кај децата, кои производителите Ели Лили и Ново Нордиск сè повеќе ги тестираат кај помлади возрасни групи.

Според СЗО, околу 170 милиони деца и адолесценти биле дебели во 2024 година. Во студија објавена минатиот месец, лекот „Вегови“ на „Ново Нордиск“, лек GLP-1, им помогнал на две од пет деца на возраст од шест до 12 години да ослабат доволно за повеќе да не се класифицираат како дебели.

„Ели Лили“ минатиот месец започна со тестирање на својот „Зепбаунд“ кај деца на иста возраст, а резултатите се очекуваат до 2029 година.

„Вегови“ е одобрен во САД и Европа за адолесценти на возраст од 12 години и постари, додека „Зепбаунд“ не е одобрен за таа возрасна група.

Лоренс Грамер-Стронг, раководител на одделот за исхрана и безбедност на храната на СЗО, предупреди дека раното воведување на лекови, наместо промени во исхраната и навиките за физичка активност, може да доведе до повисоки трошоци за здравствена заштита во текот на целиот живот.

Тој рече дека не е познато колку долго лековите за слабеење ќе останат ефикасни, какви се нивните долгорочни несакани ефекти и дали децата ќе бидат подготвени да ги користат долгорочно откако ќе ја изгубат вишокот тежина.

„Ако многу рано започнете со лекување на деца со лекови GLP-1 или слични лекови, кога тоа престанува? Немаме доволно докази дека тие можат да бидат корисни како привремен третман“, рече тој.

Во декември, СЗО препорача употреба на лекови GLP-1 кај возрасни со дебелина, додека продолжува да го разгледува прашањето за зголемување на телесната тежина за време на бременоста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер