3Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветХегсет: САД го намалуваат бројот на високи офицери за најмалку 20 отстоАмериканскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вчера нареди намалување на бројот на генерали и адмирали со четири ѕвездички во американската војска за најмалку 20 проценти.Откако ја презеде функцијата кон крајот на јануари, администрацијата на Доналд Трамп тврдеше дека сака да ја реорганизира американската војска во согласност со политичките приоритети на претседателот, отпуштајќи врвни офицери и илјадници цивилни службеници. Министерот наредил и намалување за 20 проценти на бројот на врвни офицери на Националната гарда или 10 проценти од другиот воен персонал. Не е прецизирано како ќе се спроведе намалувањето на бројот на вработени, тврдат запознаени извори со прашањето. Хегсет, меѓутоа, објави во видео на социјалната мрежа X дека намалувањата ќе бидат спроведени во две фази, почнувајќи со генералите со четири ѕвездички и оние во Националната гарда. Целта на оваа одлука не е да се „казнуваат највисоките членови на армијата“, потврди министерот и додаде дека нејзината цел е „да се максимизира стратешката подготовка и оперативната ефикасност“. -Ќе ја задржиме позицијата на најопасната борбена сила во светот, која воспоставува мир со сила, наведе министерот во видеото на Х. За време на сослушувањето во Сенатот во јануари, Хегсет тврдеше дека бирократијата во Пентагон мора да се намали. „Благодарение на овие мерки, ќе ја задржиме позицијата на најопасната борбена сила во светот, која воспоставува мир со сила и гарантира поголема ефикасност, повеќе иновации и подготовка за идните предизвици“, се наведува во меморандумот. Во февруари, Трамп ненадејно го отпушти началникот на кабинетот Чарлс Браун без објаснување. Тој, исто така, ја смени командантката на американската морнарица, адмиралката Лиза Франкети, која Џо Бајден ја назначи да раководи со крајбрежната стража како прва жена на чело на една од шесте гранки на војската, како и заменик-началникот на Генералштабот и неколку високо рангирани воени адвокати. Министерството за одбрана, исто така, објави дека сака да го намали цивилниот персонал за најмалку пет проценти. Пит Хегсет ги оправда отпуштањата велејќи дека претседателот едноставно назначува службеници на местата каде што сака да бидат, но претставниците на Демократската партија предупредуваат на потенцијална политизација на војската.Тагови: Пит Хегсет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПеткоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значењеНавременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. „Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска. Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите. „Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook