Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
Шоу бизХБО ќе му го исплати целиот хонорар на Биковиќ, иако нема да глуми во нивната серијаИако нема да глуми во третата сезона на серијата White Lotus, HBO ќе му го плати целиот хонорар на Милош Биковиќ.Српскиот актер откри дека сумата што ќе му ја плати HBO ќе ја донира во хуманитарни цели, за да им помогне на младите да се образуваат и професионално да се усовршат, пишува Blic.rs. "Како што веќе реков, за мене беше извонредна чест да бидам поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мотивот да учествувам во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи нема да се реализира , хонорарот што би го заработил го сакам директно за оние кои утре ќе нѐ претставуваат во светот“, изјави тој за српските медиуми. View this post on Instagram A post shared by Miloš Biković (@bikovic) Потсетуваме, одлуката Милош Биковиќ да не глуми во Белиот лотос е донесена откако Министерството за надворешни работи на Украина јавно се пожалило на HBO со српскиот актер. „Ми беше чест да бидам избран за „Белиот лотос“, ТВ серија која ја ценам и во која глумат моите колеги кои длабоко ги почитувам. Сепак, моето учество не е можно од причини надвор од областа на уметноста и нема да се придржувам до никаков наратив кој сака да го загрози мојот интегритет“, рече Биковиќ, кој има и руско државјанство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПодготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со УкраинаПолска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио. Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин. Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова. Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“. Извор: Б92Тагови: Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксовиВо однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот. Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните. Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“. Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)Против него ќе следува соодветна пријава.На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне. Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook