3СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
БалканХашкиот трибунал одби да го пушти на слобода Ратко МладиќПретседателката на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали (МРТ), Грасиела Гати Сантана, го отфрли барањето на одбраната на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ за предвремено или привремено ослободување.Претседателката на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали (МРТ), Грасиела Гати Сантана, го отфрли барањето на одбраната на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ за предвремено или привремено ослободување, потврди денес за агенцијата Анадолија Мурат Тахировиќ, претседател на Здружението на жртви и сведоци на геноцидот во Босна и Херцеговина, пренесе Индекс. „Таа се консултираше со сите пет судии од Жалбениот совет, од кои четворица рекоа дека треба да остане таму каде што е. Таа се консултираше и со медицинскиот тим“, рече Тахировиќ, која доби потврда за одлуката од доверливи извори. Во одлуката се наведува дека Гати Сантана се консултирала со пет судии на Механизмот пред да ја донесе својата одлука, од кои секој веќе одлучил за казната на Младиќ. Судии: Младиќ добива најдобра можна грижа Судиите сметаа дека барањето треба да се отфрли. Еден од нив верува дека доказите покажуваат дека Младиќ добива најдобра можна грижа во однос на удобноста и медицинскиот третман. „Не станува збор за нехуман третман и нема индикации дека неговата состојба би се подобрила или дека би му било поудобно по ослободувањето“, се наведува во одлуката. Судиите, исто така, сметаат дека ослободувањето на Младиќ од затвор нема да ја обезбеди бараната медицинска помош и дека неговиот континуиран притвор, во сегашните околности, не е нехуман, суров или понижувачки. Тие, исто така, сметаат дека нема индикации дека третманот на Младиќ е несоодветен или дека неговите услови се нехумани или понижувачки. Барање на Србија и претходни одбивања Грациела Гати Сантана претходно донесе одлука врз основа на независна медицинска експертска проценка на здравјето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ за да се процени дали може да се разгледа неговото хуманитарно ослободување. Српскиот министер за правда Ненад Вујиќ го посети Младиќ во април, кој е во болницата за притвор во Хаг, и побара од Механизмот да го ослободи поранешниот воен командант на Армијата на Република Српска на лекување додека е во затвор, со гаранција од владата во Белград. Минатиот јули, Меѓународниот механизам за кривични судови (ММКТ) во Хаг го отфрли барањето на Младиќ за седумдневно привремено отсуство за посета на гробот и учество во жалост за неодамнешната смрт на член на семејството. Доживотна казна затвор за геноцид и воени злосторства Ратко Младиќ, воен командант на Армијата на Република Српска, беше осуден на доживотна казна затвор пред Хашкиот суд во 2017 година. Казната стана правосилна по второстепената пресуда во 2021 година. Младиќ беше прогласен за виновен за геноцид по две точки од обвинението, злосторства против човештвото по пет точки и воени злосторства по четири точки што ги извршил како највисок генерал на Армијата на Република Српска со цел создавање на Република Српска. Тој се криел од судството 16 години, а бил уапсен во Србија во 2011 година.Тагови: Ратко Младиќ Хашки трибунал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураОбјавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена. Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес. Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски. Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација. Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/ Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч. Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.). За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Кина се запали зграда, 14 загинатиЧетиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати. Five dead after fire engulfs high-rise building in China A major fire has swept through a high-rise building in Taiyuan, Shanxi Province, China, leaving five people dead and 33 others injured. The blaze broke out at Haocheng International Apartments on Sunday, November 8, 2026, https://t.co/Xpwx8ZE3WI — Metropunch (@metropunch) November 9, 2026 Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter