Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
1Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
Шоу бизХарисон Форд беше подмладен 44 години за улогата во „Индијана Џонс“: Ова е морничаво (ВИДЕО)Американскиот актер Харисон Форд (79) за последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист Индијана Џонс во новиот, а воедно и последен филм од сагата.Филмот се вика Indiana Jones and the Dial of Destiny, а Форд мораше да се подмлади за 44 години за филмот. Имено, Форд во текот на 25-те минути од филмот бил дигитално подмладен за да може да го игра 35-годишниот Индијана Џонс од времето на првиот дел од сагата. Форд морал да се преправа дека има 35 години и да ги прави сите сцени како да е 44 години помлад, а потоа неговото лице беше подмладено за да одговара на времето во кое се случува сцената. "Форд е неверојатно талентиран и агилен и тоа му олесни да ги одглуми сите сцени. Технологијата вклучена во процесот на снимање е сосема друга работа", рекол режисерот на филмот Џејмс Манголд, пренесува Variety. „Имавме тони снимки од него во крупен кадар, медиум, широки, високи и слаби светла... Еден ден ќе го снимавме 79-годишниот Форд како игра 35-годишен Индијана, и два дена подоцна неговото лице би било сосема поинакво и дигитално подмладено“, вели режисерот. Претходно, Форд откри дека вештачка интелигенција била користена за снимање на сцените за подмладување и дека неговото дигитално лице е всушност преземено од архивските снимки достапни на Лукасфилм. „Тие ја имаат оваа програма за вештачка интелигенција која може да го анализира секој детал од секој филм што го поседува Лукасфилм. Бидејќи имам направено еден куп филмови за нив, тие имаат многу материјал со мојот лик. Не знам точно како го прават тоа, но она што ќе го видите во Индијана е моето лице. Тие ги ставаат овие мали точки на моето лице, ги кажувам зборовите и потоа прават нешто фантастично“, рече Форд, но на крајот заклучи дека тоа е малку морничаво. „Прв пат гледам вакво нешто и е малку морничаво. Не сакам навистина да знам како функционира, но го прави тоа. Сепак, технологијата не ме тера да сакам повторно да бидам млад. Мило ми е што сум на оваа возраст“, изјави Форд за Empire. Филмот ќе се прикажува од 30 јуни, а ќе има премиера во Кан следниот месец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанинВенко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи.Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници. Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност. Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници. Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово. Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравјето на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаМФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот секторЗа првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор.Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. Со организирањето на националниот испит, за првпат преку Министерството за финансии се воспоставува национална сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, со што се создаваат услови за натамошно професионализирање и зајакнување на оваа значајна функција во институциите. Спроведувањето на испитот и сертификацијата на внатрешните ревизори ќе значат директно зајакнување на капацитетите на единиците за внатрешна ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Истовремено, ова претставува уште една конкретна потврда на заложбите на Министерството за финансии за зајакнување на механизмите за борба против корупцијата и обезбедување законско и одговорно работење на субјектите од јавниот сектор. Воспоставувањето на националниот испит е значајно и од аспект на европскиот интегративен процес. Со неговото организирање се прави чекор кон целосна реализација на препораките на Европската Унија во овој сегмент од Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а воедно се придонесува и кон успешна реализација на следните чекори од Реформската агенда во оваа област. Материјалите за подготовка и прашањата за испитот веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии. Испитните материјали се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Министерството за финансии – Централната единица за хармонизација. Министерството ја изразува својата благодарност до Европската Унија за поддршката во реализацијата на овој значаен процес. Министерството за финансии во периодот што следи навремено ќе ја информира јавноста за следните чекори во процесот на организирање и спроведување на испитот за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот, заинтересираните може да се обратат до Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ЕвропаУнгарија се сомнева во измама: 17.000 респиратори купени за време на КОВИДУнгарското Министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава до обвинителството поради сомнение за измама и други кривични дела поврзани со купувањето респиратори во 2020 година.Спорната набавка е извршена за време на пандемијата на коронавирусот за време на мандатот на поранешната влада, а информациите ги потврди и министерката за надворешни работи Анита Орбан, објави Ројтерс. Истрага за купувањето вредно 826 милиони евра Орбан им објасни на новинарите дека жалбата се однесува на купувањето на речиси 17.000 респиратори, чија вкупна вредност достигна 300 милијарди форинти (826 милиони евра). Таа нагласи дека министерството тогаш купило илјадници вишок уреди по надуени цени, кои во реалноста не можеле да се користат. Извор: Индекс.хрТагови: Ковид-19 Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook