Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
1Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
1Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
ЖивотХари нема нозе, па сепак се искачи на Монт Еверест (ВИДЕО)Поранешниот војник Гурка, Хари Буда Магар, стана првиот човек со ампутација над коленото кој се искачи на Монт Еверест, изјави денеска член на неговиот тим.„Тој стигна до врвот Сагармата во петокот околу 15 часот по непалско време. После тоа се спушти во базниот камп и ќе се врати во Катманду во понеделник попладне“, изјави за AFP Хим Биста, кој го користел непалското име за Еверест. BREAKING NEWS – Hari Budha Magar creates history as he successfully conquers Everest At around 3pm on May 19th, Hari stood victorious atop the world’s tallest mountain as the first ever double above-knee amputee to scale Mt Everest. Thirteen years after losing his legs in… pic.twitter.com/a24j5ZYkvo — Hari Budha Magar (@Hari_BudhaMagar) May 20, 2023 Магар (43) ги загубил двете нозе над коленото откако ненамерно згазнал на импровизирана експлозивна направа додека служел војска во Авганистан како припадник на бригадата Гурка во 2010 година. Досега две лица со ампутирани нозе под коленото се искачиле на врвот на Еверест. Тоа се Новозеланѓанецот Марк Инглис во 2006 година и Кинезот Ксиа Боју во 2018 година. Магар има протези на двете нозе и веќе има искачено неколку врвови, меѓу кои планинскиот врв Тубкал во Мароко, Бен Невис во Шкотска и европскиот Мон Блан. Но, на овој поранешен каплар неколку години му било забрането да се искачува на највисоката планина во светот поради непалскиот закон кој им забранува на слепите лица и на оние со двојна ампутација да се искачуваат по планини. Во меѓувреме, Врховниот суд на Непал го поништи законот. „Сè додека можете да го прилагодите вашиот живот на времето и ситуацијата, сè е можно, нема граници, само небото е граница“, изјавил Магар за АФП во април пред да се упати кон базниот камп Еверест. Осум од десетте највисоки врвови во светот се наоѓаат во Непал. Секоја пролет, кога се загрева и опасниот хималајски ветер повеќе не дува толку силно, кон нив се упатуваат стотици алпинисти од целиот свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЗдравјеВакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производствотоВакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на овој месец, информираат од министерството за здравство.Оттаму уверуваат дека се преземаат сите потребни активности вакцинацијата на ранливите категории граѓани да започне што е можно поскоро.. Од министерството појаснуваат дека доцнењето не е поврзано со домашната постапка за набавка, туку со глобален проблем во производството на вакцините. Причината, според министерството, е промената на сите три вирусни соеви кои годинава се користат во составот на вакцината – два соја на вирусот на грип а и еден сој на грип Б. Светската здравствена организација и американската агенција за храна и лекови ги ажурирале трите соеви, што довело до одложување на почетокот на производството кај производителите ширум светот., појаснуваат од министерството..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Шоу бизФото: Бујната Софија во „тесно“Најплатената телевизиска актерка на светот, атрактивната Софија Вергара се појави на еден настан во Париз и ги остави сите без зборови. Како и многупати претходно, главниот „виновник“ за ваквата реакција на светот беше нейното бујно деколте. Во Париз е во тек Модната недела, која собира бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста. Софија Вергара не ја пропушти можноста да се појави на ваков настан, а веќе имавме прилика да го видиме нејзиното гламурозно издание за вечерната забава на брендот „Булгари“ (BVLGARI). Актерката не застана на една атрактивна комбинација, туку уште следниот ден покажа уште посекси креација. Таа присуствуваше на уште една гала-вечера, а за таа пригода облече кожен фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината фигура. Станува збор за фустан со корсет, украсен во минималистички стил, кој ги истакнува бујните гради.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформацијаМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на денешната панел-дискусија во рамки на настанот на Светска банка за претставување на новиот Извештај за раст и работни места во Македонија, кој се одржа во Скопје. Настанот го отвори претседателот на Владата, Проф. д-р Христијан Мицкоски, а во фокусот на обраќањето на Андоновски беа дигитализацијата на услугите, поддршката за дигитална трансформација на компаниите и потребата од поактивно користење на достапните дигитални решенија. Андоновски истакна дека напредокот во дигитализацијата треба да се мери и преку реалната примена на услугите и придобивките што тие ги носат за граѓаните и стопанството. „На Националниот портал за електронски услуги го зголемивме бројот од 120 на 360 електронски услуги, а на Платформата за интероперабилност, која овозможува меѓусебна комуникација и размена на податоци, од околу 60 стигнавме до 95 поврзани институции. За компаниите дигитализиравме десетина од најкористените услуги, кои самите ги посочија како потребни, меѓу кои потврдите за неосудуваност на правни лица и различни изводи“, посочи Андоновски. Министерот нагласи дека паралелно со зголемувањето на понудата на електронски услуги, потребно е да се работи и на нивното пошироко прифаќање. Како пример ги наведе услугите поврзани со извозот на вино и тутун од Државниот инспекторат за земјоделство, кај кои, и покрај значителното скратување на времето преку дигиталната постапка, дел од компаниите сè уште избираат да ги користат шалтерите. „И кога ќе дигитализираме услуга која од 10 до 20 пати го скратува времето потребно за одредена компанија, таа повторно одбира да користи шалтер. Главната поента е да креираме екосистем кој ги користи услугите“, истакна Андоновски. Дополнително, Андоновски ја нагласи поддршката за бизнис-секторот преку двата дигитални иновациски хаба, ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, предводени од ФЕИТ и ФИНКИ. Преку кофинансирање од државата и Европската Унија, овие конзорциуми им овозможуваат на компаниите бесплатна поддршка за изработка на патокази за дигитализација, анализа на нивните потреби и тестирање на можни решенија. „Целта е фирмите да знаат што им е потребно за да се дигитализираат. Овие услуги се достапни бесплатно и имаат простор за поголема искористеност. Мораме заедно да го чекориме овој пат, државата, граѓаните и компаниите“, порача министерот. Андоновски информираше и дека се работи на софтверот САМИС за распределување на државната помош, кој треба да овозможи поголема транспарентност и следливост на поддршката. „Веќе работиме на софтвер за распределување на државната помош, САМИС, за транспарентно да знаеме каде оди државната помош, како се добива, за што служи и како се известува за неа“, истакна Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08