Хари и Меган ги избришаа сите кои ги следат на Инстаграм - Канал 5

Хари и Меган ги избришаа сите кои ги следат на Инстаграм

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе никој не ги следи ан Инстаграм.

Хари и Меган ги избришаа сите кои ги следат на Инстаграм

Нивниот профил Сасекс Ројал од утрово нема други профили што ги следат, но славното кралско семејство сè уште не се налутило со целиот свет, туку започнуваат добротворна кампања.

"Ни треба вашата помош во август. Сакаме да знаеме каква е вашата моќ за промени. Ве молиме, во наредните неколку дена, давајте ги вашите предлози за луѓе на кои им се восхитувате, организации кои се занимаваат со работи за кои треба да знаеме повеќе, профили што инспирираат и ви донесуваат оптимизам за посветла иднина. Ќе одбереме петнаесет профили и ќе започнеме да ги следиме следниот понеделник “, напишаа Хари и Меган на својот Инстаграм профил.

For the month of August we look to you for help. We want to know who YOUR Force for Change is.... Each month, we change the accounts we follow to highlight various causes, people or organisations doing amazing things for their communities and the world at large. Over the next few days please add your suggestions into the comments section: someone you look up to, the organisation doing amazing work that we should all be following, an account that inspires you to be and do better (or that simply makes you feel good), or the handle that brims with optimism for a brighter tomorrow. We will choose 15 accounts and follow them next Monday, as we spend the month of August acknowledging the Forces for Change in all of our lives.

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

„Моќ за промена“ е исто така и името на специјалното септемвриско издание на „Вог“, кое го уредува Меган и ја налути британската јавност со неколку детали. Хари, од друга страна, беше изложен на потсмев за тоа дека е лицемер во приказната за потомството и зачувувањето на животната средина.

Во април оваа година Меган и Хари поставија нов рекорд на Инстаграм. Им беа потребни само пет часа и 45 минути за да стигнат до милион следбеници, победувајќи ја корејската поп-sвезда Канг Даниел, кој во јануари ја достигна оваа бројка за 11 часа и 36 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер