Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
2Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
3PEUGEOT го претставува својот нов дизајн на изложбениот простор на саемот за автомобили во париз 2026
БалканХарадинај ја обвини Владата на Курти за зачестените убиства во КосовоЛидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај ја обвини актуелната Влада, предводена од Албин Курти, за последните убиства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.Според Харадинај, јавната безбедност во државата е тешко загрозена поради недостигот на визија на Владата и на Министерството за внатрешни работи. „Погрешниот пристап на Владата и на МВР, со поместувањето на клучниот елемент во општеството, јавната безбедност, внатре во нејзината чисто политичка агенда, доведоа до тоа елементите со криминални предиспозиции да се организираат во банди кои денес непречено го загрозуваат животот на граѓаните“, напиша Харадинај на својот Фејсбук, по последното убиство што синоќа по полноќ се случи во село Руника, општина Србица. Тој изрази сомневање дека „ова високо ниво на загрозување на јавната безбедност и небрежноста на иснтитуциите“ за спречување на злосторствата... „има за цел одвлекување на вниманието на јавноста од бројните скандали и коруптивни афери на владата“. Притоа, екс-премиерот споменува и вмешаност на владата на Албин Курти во наводно планирање меѓународен шверц со оружје, без да изнесе детали вов рска со тоа. „Недостигот на визија и посветеност на владата и на МВР буди сомнежи дека ова високо ниво на загрозување на јавната безбедност и небрежноста на иснтитуциите за спречување на овој вид злосторства, од кои секојдневно се потресува земјата, има за цел одвлекување на вниманието на јавноста од бројните скандали и коруптивни афери на владата, при што деновивме дознавме и за планирањето меѓународен шверц со оружје од страна на сексери блиски на владата“, напиша Харадинај. Според него, „појавувањето на криминалци со маски, како што беше синоќешниот случај во општина Србица, каде што беше убиено едно лице и беа ранети три други, ја изнесува на виделина немоќноста на владата, како и храброста на криминалните групи за дејствување“. Поради сето наведено, Харадинај го повтори повикот до другите парламентарни опозициски партии да му изгласаат недоверба на Курти и на неговиот кабинет. „Објективно, граѓанинот останува незаштитен, незгрижен од оваа валда која има голем недостиг на професионалност за третирање на комплексни прашања, какво што е безбедноста. Оваа влада ќе се смета за одговорна за влошувањето на безбедносната состојба во земјата. Решението е во изгласувањето недоверба“, порача Харадинај. За помалку од една недела, од минатиот петок, 5 август, до денеска, во Косово се извршени три убиства – едно во центарот на Приштина, едно во Клина (на 7 август) и едно (во првите часови на денешниот ден) во село Руника во општина Србица. Сите три убиства се извршени во угостителски објекти, а покрај трите жртви, во инцидентите има и над 20 ранети и повредени. По еден од учесниците во престрелката во Приштина, како и по сторителите на двете други убиства полицијата и натаму трага, со тоа што идентитетот на убијците во Приштина и во Клина е откриен, додека на двајцата маскирани напаѓачи во Србица сé уште не е познат. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметуваФилипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега? Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче. Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало. Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник. Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел? Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи. Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЗабаваФото: Убавата Емили блесна на филмска премиераЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите со својот изглед во тесен црн фустан со длабоко деколте и му даде силна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм „Sacrifice“. Позната по своите провокативни пози, разголени модни изданија, а сега и по врската со Гаврас, Емили ужива во вниманието што го привлекува. Францускиот режисер Ромен Гаврас се појави во поопуштено издание, во широк црн капут и сина кошула, при што цело време ја прегрнуваше Емили. Емили ја надополни својата смела комбинација со чантичка со златен синџир и високи чевли што се врзуваат околу ногата, додека заедно пристигнуваа во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“. Премиерата на неговиот најнов филм „Sacrifice“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември. Ова остварување претставува и негово деби на англиски јазик, а во главната улога се појавува Ања Тејлор-Џој како религиозен фанатик кој планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Жена без ниту една маана, Ријана воодушеви во секси долна облекаСветската музичка ѕвезда Ријана уште еднаш „покаже “ дека е Жена без ниту една маана. Атрактивната Рири се соблече по гаќички и ги покажа своите бујни прекрасни облини. Уште едно провокативно издание на Ријана остави многумина без зборови. Таа се соблече по долна облека и ги покажа своите прекрасни облини. Иако не е активна во музичкиот свет, пејачката Ријана ја пронајде среќата во бизнисменките води. Таа е горда сопственичка на брендот за убавина и мода „Fenty“, а активна е и на социјалните мрежи. Редовно објавува фотографии од своето приватно опкружување и не е тајна дека го користи своето влијание на мрежите за да го промовира својот бренд. Така, таа неодамна објави збирка фотографии кои за кратко време предизвикаа бројни реакции ширум светот. Како што може да се види, таа гордо позираше во црвена долна облека што ги истакнуваше нејзините атрибути. Во преден план беа нејзините бујни гради и прекрасни облини, а не смее да се изостави ниту нејзината секси поза што ја заокружи оваа сензационална сцена.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter