Црква и синагога беа нападнати во јужниот руски регион Дагестан, информираше локалната полиција во неделата. Според полицијата, најмалку еден полицаец го загуби животот во инцидентот, додека властите сè уште се обидуваат да соберат повеќе информации за жртвите.
Вооружени напаѓачи денеска отворија оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот северен кавказски регион Дагестан, при што убиле најмалку три лица, меѓу кои и двајца полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на регионот.
Во нападите се ранети 13 лица, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјави на претставници на Министерството за внатрешни работи.
Офицер и свештеник биле убиени во напад во синагога и црква во Дербент, дом на древна еврејска заедница во Јужен Кавказ. Синагогата била опожарена по нападот. Напаѓачите потоа побегнале со автомобил.
Полицаец е убиен во размена на оган во полициска станица во градот Махачкала, околу 125 километри северно долж брегот на Каспиското Море и главниот град на Дагестан, претежно муслимански регион во јужна Русија.
Престрелки се регистрирани и на улици во Махачкала.