Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
2Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветХаос во Ротердам на местото на експлозијата, семејствата на загинатите ја нападнаа полицијата Семејствата на двајца мажи, сè уште исчезнати под урнатините на станбена зграда во Ротердам по експлозија и пожар се судрија со полицијата на местото на уништената зграда.Тие очајнички се обидуваа да го спречат уривањето на зградата додека гледаа како бетонските блокови дополнително го исполнуваат местото каде што најверојатно би се нашле телата на нивните најблиски. Итната полиција била на лице место цела ноќ за да се погрижи никој да не почне сам да ги пребарува урнатините. На крајот полицијата уапсила две лица, потврди портпаролот за новинската агенција АНП. Исчезнатите мажи - Илјас (22) и Мустафа (33) - се двајца колеги кои работеле заедно во зградата кога се случила експлозијата, јавуваат локалните медиуми. Службите за итни случаи не можеле да влезат во зградата и да ги бараат поради опасност од уривање. Затоа, синоќа започнало контролирано уривање на остатоците од зградата за да се направи локацијата побезбедна за службите за итни случаи. Семејствата на исчезнатите биле згрозени од ваквата одлука, пишува NL Times. „Ужасно е ова“, изјави за РТЛ роднина на починатиот Камран Кан (43), третото лице кое исчезнало под урнатините. Семејството на Камран им пркоси на властите, сами влегле на местото на катастрофата и го пронашло неговото тело. ТВ Рајнмонд дознава дека двајца форензичари им дале прецизни упатства на роднините на Камран како да го извлечат телото кога станало јасно дека нема да се откажат од својот план. „Цела вечер стоев со другите семејства. Им рекоа да си одат дома и дека ќе им се помогне. Но, во меѓувреме почна уривањето, а сега гледаат како бетонски блокови паѓаат врз нивните најблиски. Тоа е незамисливо. Тие плачат, се тресат од тага. Ова мора да престане“, истакна братучедот на Камран. Властите привремено ги запреле работите за уривање поради немирите. „Ова беше направено затоа што се плашевме дека луѓето ќе одат под кранот за уривање“, објасни портпаролот на полицијата. Кога продолжило уривањето, двајца мажи се качиле на оградата околу местото на несреќата, поради што биле уапсени. Полицијата влегла во разговор со семејствата, а околу полноќ ситуацијата се смирила. Потоа работите продолжиле. Специјалисти од Националната организација за урбано пребарување и спасување (УСАР) синоќа биле замолени да го проценат местото на настанот и утврдиле дека сè уште е премногу опасно да се преземат напори за потрага по двете исчезнати лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитетЗимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.Во моментов механизацијата е ангажирана на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што се работи на отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата. Екипите и механизацијата се на терен и продолжуваат со активностите согласно временските услови и потребите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСанчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез, од социјалистичката партија PSOE, гласаше денес на предвремените парламентарни избори и изрази увереност дека излезноста ќе биде историски висока и дека има добро чувство за изборите.Тој им рече на новинарите на гласачко место во мадридскиот округ Монклоа дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани кои имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE. „Колку е поголема излезноста, толку подобро ќе се одразат чувствата на граѓаните и толку поголема сила ќе има владата за да продолжи да ги спроведува своите политики“, рече Санчез. Избирачките места се отворија утрово во Шпанија за предвремените парламентарни избори кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за прв пат откако земјата се врати во демократијата по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година. Повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места. Право на глас имаат повеќе од 38,5 милиони гласачи, избирајќи ги сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот. Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти. Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да го избере претседателот на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, кој обично е лидер на партијата што освоила најмногу гласови. За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг гласање. Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори. Иако редовните избори не беа закажани до следното лето, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез ги распиша изборите откако конзервативната Народна партија (ПП), крајнодесничарската Вокс и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ ги отфрлија итните законски мерки предложени од неговата влада за решавање на станбената криза во земјата. Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваат дека Санчез нема да успее да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фехој да освои најмногу гласови и би можела да формира влада со поддршка на крајнодесничарската Вокс. Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот ги отфрли неговите декрети на 2 октомври, кои беа наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.Тагови: Педро Санчез Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПриватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор.. -На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни. Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен. Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14