Хаос во Истанбул: Десетици уапсени на забранетата „Парада на гордоста“ (ВИДЕО) - Канал 5

Хаос во Истанбул: Десетици уапсени на забранетата „Парада на гордоста“ (ВИДЕО)

Турската полиција денеска приведе најмалку 30 лица во центарот на Истанбул, кои се обидуваа да учествуваат на Парадата на гордоста, која беше забранета од властите, објави опозициски политичар.

Хаос во Истанбул: Десетици уапсени на забранетата „Парада на гордоста“ (ВИДЕО)

Снимките што ги виде Ројтерс покажуваат како полицијата се бори со група активисти кои носеа знамиња со виножито во центарот на градот пред да бидат приведени и натоварени во нивните возила.

Ердоган ја прогласи оваа година за Година на семејството

Кезбан Конукчу, пратеничка од прокурдската партија ДЕМ, која учествуваше во поворката, изјави за Ројтерс дека се приведени најмалку 30 лица. Полицијата не одговори на барањето за коментар.

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул претходно оцени дека Парадата на гордоста е нелегална и дека групите што ја промовираат дејствуваат „нелегално“.

Во јануари, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи оваа година за Година на семејството, велејќи дека намалувањето на стапката на наталитет е егзистенцијална закана за земјата и го обвини ЛГБТК+ движењето за поткопување на традиционалните вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник.

Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт.

Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа.

Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина.

Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи.

И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат.

Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор.

Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада.

Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори.

А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори.

И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други.

Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан

 Серија земјотреси, со јачина од 4,8 до 6,0 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Серија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од десет километри и на 523 километри од главниот град на Вануату, Порт Вила.

Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Израел, двата политички блока се изедначени во Кнесетот

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел покажуваат неизвесен исход.Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Гади Ајзенкот засега немаат јасно мнозинство.

Избори во Израел, двата политички блока се изедначени во Кнесетот

Според првичните процени, двата политички блока се речиси изедначени во парламентот. Арапските партии се очекува да освојат од 18 до 19 пратенички места.Нивната поддршка може да биде клучна за формирање на новата влада.Излезноста беше рекордна достигна 77,7 проценти, највисока од изборите во 1999 година.

Нетанјаху повика на формирање силна десничарска национална влада.Ајзенкот, пак, најави формирање влада што ќе ги претставува сите граѓани.конечните резултати ќе зависат и од пребројувањето на преостанатите гласови. По објавувањето на резултатите, претседателот ќе го задолжи кандидатот за кој смета дека може да формира коалиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер