Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
ФудбалХаос во Иран: Илјадници трчаат по автобусот на Роналдо, хотелот под опсада (ВИДЕО)Саудискиот клуб Ал Наср предводен од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо денеска беше пречекан во Техеран каде со домашниот тим Персеполис ќе го одигра натпреварот од Лигата на шампионите во Азија.Навивачите трчаа по автобусот со Роналдо и неговите соиграчи, кога го напуштија аеродромот Имам Хомеини. Роналдо пред тоа доби персиски тепих на подарок од претседателот на клубот Персеполис. Големи транспаренти за добредојде со портрети на фудбалерите на Ал Наср се закачени на главните патни мостови кои минуваат низ огромниот ирански главен град, ненавикнати да пречекуваат меѓународни ѕвезди поради дипломатската изолација на земјата. На социјалните мрежи се споделуваат снимки од стотина навивачи кои трчаат по автобусот, а потоа и оние кои упаднаа во хотелот во кој е сместен тимот на Ал Наср. Навивачите на Роналдо се снимени како шетаат низ ходниците и ја довикуваат португалската ѕвезда. هي أشيـاء لا تُشتـرى 💛 كُن أقرب وشاهد كواليس وصول #العالمي 🤩 إلى العاصمة الإيرانية طهـران عبـر حساب #النصر الرسمي في سناب شات 🤳https://t.co/Hrdf7HugGG pic.twitter.com/lsgfBiP2Uv — نادي النصر السعودي (@AlNassrFC) September 18, 2023 Сепак, ниту еден навивачи нема да може да присуствува на натпреварот утре на стадионот Азади, најголемиот во земјата со 90.000 седишта, поради санкциите на Азиската конфедерација (АФЦ). Натпреварот кој се игра зад затворени врати, сепак ќе се емитува на телевизија. Фудбалерите на Ал Наср до натпреварот ќе бидат под обезбедување на елитната единица на полицијата, специјализирана за претседателски патувања, објави спортскиот портал „Варзеш 3“. L’hôtel où séjournent les joueurs d’Al-Nassr à Téhéran (Iran 🇮🇷) est pris d’assaut par des habitants qui veulent voir Cristiano Ronaldo. 😳🐐pic.twitter.com/7c7fBfE3mK — Actu Foot (@ActuFoot_) September 18, 2023 Сите клубови сакаат да имаат добар почеток во азиската Лига на шампиони, во која саудиските клубови се фаворити откако во текот на летото доведоа бројни европски ѕвезди. Ал Наср ги донесе Садио Мане, Секо Фофана, Отави, Ајмерик Лапорте, Алекс Телес и Брозовиќ. Ал-Наср ќе се обиде да се одмазди за поразот на иранскиот клуб во полуфиналето на натпреварувањето во 2020 година. Персеполис, најуспешниот и најпопуларниот клуб во Иран, двапати беше финалист на Лигата на шампионите таму (2018 и 2020 година), додека Ал-Наср го освои во 1995 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
КултураНУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во КумановоСо доделувањето на наградите на најдобрите, заврши годинешното 29.издание на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово, кој оваа година се одржуваше од 23 септември до 5 октомври. НУ Народен Театар Битола доби две награди и тоа за најдобра режија: Марјан Георгиевски и за најдобра костимографија: Андреј Георгиевски, за претставата „Секстет“. Со својата изведба екипата на оваа претстава повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“, комедијата од Марк Камолети, и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Сценографијата е на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. Во текот на фестивалските денови, публиката имаше можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведбата на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот беше затворен со претставата надвор од конкуренција, „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, посветена на годинешниот лауреат Игор Џамбазов, Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово. Честитки за целата екипа, да се множат успеси и убави претстави!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски дрон погоди мост на реката Днепар во ЗапорожјеПет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје. Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје. Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа. Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош. Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје. Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08