Хаос во Берлин : Пукање од автомобил, ранет млад човек - Канал 5

Хаос во Берлин : Пукање од автомобил, ранет млад човек

Дваесет и двегодишен маж бил застрелан од автомобил во движење во близина на полициската станица во берлинската населба Моабит, соопшти денеска локалната полиција.

Хаос во Берлин : Пукање од автомобил, ранет млад човек

Портпарол на берлинската полиција изјави за „Билд“ дека пукањето се случило утрово околу 02:00 часот, дека било пукано кон група луѓе на улицата Перлебергер и дека еден маж бил застрелан во ногата. Повредениот млад човек бил пренесен во болница, каде што му била извршена итна операција.

На случајот работи Одделот за криминалистички истраги, а како што е наведено, сè уште не е јасно дали младиот човек бил цел на пукањето или бил случајна жртва, ниту пак дали групата што отворила оган била на пат кон полициската станица.

Претседателот на Синдикатот на берлинската полиција (GdP), Штефан Ве, изјави дека пукањето во Берлин е загрижувачко, „но фактот дека некој безмилосно пукал во човек пред полициската станица открива димензија што никој не може да ја оправда“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ ѝ ја предаде претседателската должност на Ана Брнабиќ и влезе во трката за иден премиер

Еден по еден, Александар Вучиќ ѝ ги набројуваше клучните документи и укази што во наредните три месеци ѝ ги остави во наследство на Ана Брнабиќ.

Вучиќ ѝ ја предаде претседателската должност на Ана Брнабиќ и влезе во трката за иден премиер

По оставката на Вучиќ, довчерашната претседателка на Собранието ја презеде функцијата шеф на државата. Денеска имаше причина за двојно славје.

-Денеска ѝ е на Ана роденден, така што... Среќен роденден и нека ти е со среќа. , изјави Вучиќ. Ви благодарам, претседателе. Мислам дека никогаш Србија нема да има претседател кој што толку се бореше и беше пожртвуван. , изјави Ана Брнабиќ, в.д претседател на Србија.

Брнабиќ на функцијата ќе остане најдоцна до крајот на годината, до кога треба да се одржат претседателските избори. Вучиќ од денеска и формално влегува во трката за премиер на изборите за неполн месец, откако синоќа се обрати пред приврзаниците.

-Да се бориме уште еден месец и да ги победиме поубедливо од кога и да е. И Србија да победи. , рече Александар Вучиќ, кандидат за премиер на Србија.

Потоа тој ја поднесе оставката, а како чин на добра воља помилува 49 лица, најголем дел поврзани со настаните во последната година и пол, кога избија студентските протести.

-Сметав дека тоа ќе биде дополнително подадена рака до сите што се однесуваа неодоговорно. Затоа сакам како обичен човек, како човек од народот да се натпреварувам против оние кои беа и секогаш би биле против народот. , изјави Вучиќ.

Студентската листа, која практично му е единствен конкурент на Вучиќ, веќе ја почна кампањата, која освен на интернет, ја води со панели на различни теми.

-Сакам да бидем правно заштитен на работа и безбеден. Сакам правилата да важат поедеднакво, како за мене, така и за сите. Повеќе нема да биде прашањето зошто би останал во Србија, туку зошто воопшто би си заминал оттука? , изјави Милош Илиќ, студент.

Досегашните анкети покажаа драстично различни бројки. Според едните убедливо води Српската напредна партија на Вучиќ, според други Студентската листа. Аналитичарите велат дека клучна ќе биде излезеноста, а поголем одѕив им оди во прилог на студентите.

-Очекувам изборниот ден да биде тврд, мислам и во физичка смисла и се плашам од конфликти. Мислам и Вучиќ да победи со 5, 6, 7, 8 проценти разлика, тоа ќе биде јалова победа, тоа ќе биде мнозинство кое постојано ќе биде предизвикувана. , изјави за „Инсајдер.рс“, Никола Парун, политиколог.

Анкетите покажуваат дека сите, освен листата на Вучиќ и на студените, се борат со цензусот од три проценти и се без шанси за забележителен резултат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформа или пуч- што ќе донесе “битката’ на Бихачка меѓу раководството и платформата?

Пуч или реформа?

Реформа или пуч- што ќе донесе “битката’ на Бихачка меѓу раководството и платформата?

Што ќе донесе острата битка која се разгоре на „Бихаќка“ меѓу актуелното раководство предводено од Венко Филипче и поранешните функционери на СДСМ кои се дел од Платформата во 12 и 5. За дел од аналитичарите иако ваквите поделби не се несвојствени за партија во опозиција, сепак не придонесуваат во намерата за создавање поширок опозициски фронт кој ќе и парира на власта.

-Секако дека е тоа непријатна ситуација за опозицијата бидејќи фрагментирањето на гласот нема да помогне во создавањето на поширок опозициски фронт. Иако треба да се признае дека тие движења се сосема нормални во партија која е во опозиција, ние сме го следале тоа и кај ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате таму имаше повеќе сателитски партии, ВМРО – Народна, ВМРО-Вистинска итн. Во оваа ситуација интересното е што првпат имаме задпартиска соработка, односно првпат Левица се вклучува во таа дебата што може да значи некаква различна динамика, но сепак се уште е тоа далеку од обединет опозициски фронт, имајќи го предвид антагонизмот помеѓу новата платформа и СДСМ тешко дека може во моментов да се состави, изјави Петар Арсовски.

Петар Арсовски смета дека учеството на Левица во дебатата на платформата не значи и заеднички политички настап со поранешните кадри на СДСМ, но доколку тоа се случи во иднина оваа Платформа може да стане опозиција на опозицијата.

-Не сум сигурен дека ако ја прашате Левица тие ќе ви кажат дека се приклучуваат на платформата, мислам дека се работи за две независни политички структури кои разговараат на некакви теми во моментот. Не гледаме политичка стратегија или некаков заеднички политички настап, но доколку тоа се случи во иднина тие секако ќе станат опозиција на опозицијата и потоа ќе видиме вистински расплет на динамиката помеѓу таквата евентуална платформа и СДСМ, бидејќи сепак во моментов СДСМ е стожер на опозициското расположение, изјави Арсовски.

Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата за негова оставка и промени во раководството, нарекувајќи ги „пучисти“ и „шемаџии“ кои според него одработуваат за власта за да ја фрагментираат СДСМ.

Од Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, пак, тврдењата на Филипче ги оценија како очајни манипулации и најавија дека планот за консолидација и структурни промени на СДСМ, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот од полноќ поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар за литар

За 4,5 денари поевтинува дизелот, додека бензините поскапуваат за еден денар. 

Дизелот од полноќ поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар за литар

РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои од полноќ литар дизел ќе се продава за 100 денари, бензинот еуросупер 95 за 100, а еуросупер 98 за 102 ценари. Новите цени доаѓаат откако Владата денеска одлучи за уште две недели, односно до 12 октомври, да ја пдоролжи мерката за намалената стапка на ДДВ на дизелот од 18 на 10%.

- Со одлуката се обезбедува продолжување на мерката со која се овозможува намалена даночна стапка, со цел да се обезбеди стабилност и заштита на животниот стандард на граѓаните. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите и движењата на цените, со цел навремено преземање соодветни мерки во интерес на граѓаните и економијата. – соопштија од Владата.

Продолжувањето на мерката во моментов има економско оправдување, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Тој објаснува дека Македонија како мала и отворрна економија, која значаен дел од нафтените деривати ги обезбедува од увоз, не може да го избегне надворешниот ценовен шок, туку само да го ублажи, па оценува дека намалената стапка на ДДВ то за дизелот заедно со намалените акцизи за дизелот и бензините, засега претставува добар амортизер на нестабилните цени на светските пазари. Сепак тој предупредува дека во услови на јавен долг од околу 60 проценти, секоја мерка треба да има јасна цел, рок и пресметка колкав фискален трошок може да издржи државата..

-Мерката која е донесена, заедно со мерката која беше со намалување на акцизата на дизелот и на бензинот, во моментот привремено има оправдување затоа што претставува еден вид на амортизер кој ќе го намали влијанието на зголемувањето на глобалните цени на нафтата. Иако мора да кажеме, тоа е амортизер кој ќе го намали влијанието, а не е целта да ја контролира целосно цената или ефектот да го елиминира целосно, од причина што, на една страна, ваквите мерки имаат и значаен фискален трошок и фискален ризик. -Борче Треновски – универзитетски професор.

Доколку кризата потрае, според Треновски, фокусот постпено ќе треба да се префрли кон таргетирана помош за секторите каде поскапувањето на горивата најсилно се пресенува врз остнататите цени..На подолг рок, оценува Треновски одговорот нема да може да се бара само во даночни интервенции туку и структурни промени со кои земјата постепено ќе ја намалува зависноста од увоз на енергија и храна и со тоа ќе биде помалку изложена на идни надворешни ценовни шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер