Хаос во Белфаст, откако Суданец се обиде да му отсече глава на Шкот - Канал 5

Хаос во Белфаст, откако Суданец се обиде да му отсече глава на Шкот

Нападот се случил  вчера околу 22:30 часот по локално време синоќа пред зграда во северен Белфаст. 

Хаос во Белфаст, откако Суданец се обиде да му отсече глава на Шкот

Бруталните немири, во кои беа запалени куќи и јавен превоз во Белфаст, доаѓаат како една од најновите јавни реакции на злосторствата извршени од странци во Велика Британија.

Вознемирувачко видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува напаѓачот како се обидува да ја отсече главата на жртвата.

По страшниот инцидент со нож кој предизвика шок и осуда низ цела Северна Ирскасега властите стравуваат од големи немири во Белфаст.

Некои на социјалните мрежи, вклучувајќи го и Елон Маск, ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат против мигрантите, објавува Гардијан.

Инаку неколку мажи се обиделе да го спречат напаѓачот, дури еден од нив со дрвена палка го удирал.

Нападнатиот маж, кој е во четириесеттите години, заврши во болница. Лекарите ја опишуваат неговата состојба како сериозна. Тој добил сериозни повреди на лицето, вратот и грбот.

Полицијата соопшти дека уапсениот маж, за кој првично се верувало дека е од Сомалија, всушност бил Суданец во триесеттите години.

Немирите што го потресоа Белфаст избувнаа откако 30-годишен Суданец во понеделник нападнал 40-годишен маж, идентификуван од британските медиуми како Шкотланѓанецот Стивен Огилви.

Нападот бил толку брутален што предизвикал јавно негодување бидејќи напаѓачот наводно се обидел да ја обезглави жртвата, а морничави снимки од злосторството биле објавени на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рокас: Кога преземените обврски ќе се исполнат, процесот кон членство ќе биде забрзан

Земјата нема од што да се плаши, кога преземените обврски ќе се исполнат имам надеж дека процесот кон членство ќе биде забрзан – порача евроамбсадорот Михалис Рокас.

Рокас: Кога преземените обврски ќе се исполнат, процесот кон членство ќе биде забрзан

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на увид на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, утринава изврши увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на делницата Бељаковце–Крива Паланка.

Николоски на увид на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Таму беше Сандра Спасовска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата што СДСМ ја поднесе за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Од опозициската партија бараат оставка од Трипуновски со критики дека за две години влада предводена ВМРО-ДПМНЕ, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба, со корупција и блокирани европски средства. Тој, пак наводите од опозицијата ги оцени како невистинити, паушални и неуспешен обид за добивање политички поени.

Според Трипуновски, СДСМ и екс министерот Николовски се тие што оставиле пустош во земјоделието, хаос во институциите, неисплатени плати во јавните претпријатија и субвенции, задолжувања.

Опозициските пратеници во дебатата бараат политичка одговорност од Трипуновски, од владејачкото мнозинство со контра обвинувања за состојбите додека СДСМ биле на власт.

Дебатата за интерпелацијата за министерот Трипуновски може да трае најдоцна до полноќ, по што пратениците треба да гласаат, но извесно е дека таа нема да ја добие поддршката од владејачкото мнозинство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер