Хаос пред почетокот на натпреварот Тирана- Бешикташ, стартот одложен за 15 минути (ВИДЕО) - Канал 5

Хаос пред почетокот на натпреварот Тирана- Бешикташ, стартот одложен за 15 минути (ВИДЕО)

Целосен хаос е забележан во Тирана каде од 20 часот Тирана и Бешикташ го играат реванш натпреварот од второто коло од квалификациите за Конференциската лига.

Хаос пред почетокот на натпреварот Тирана- Бешикташ, стартот одложен за 15 минути (ВИДЕО)

Пред натпреварот имаше големи тензии, а приврзаниците на турскиот тим масовно пристигнаа во главниот град на Албанија. Навивачите на Бешикташ беа тие кои го започнаа инцидентот, кога пред почетокот на натпреварот запалија голем број факели, кои на крајот во голем број завршија на теренот.

Ова ги испровоцира домашните симпатизери, кои потоа сакаа да се пресметаат со гостите, но редарите и заштитната ограда спречија поголем инцидент. Летаа столици и разни предмети, но сепак немаше поголем конфликт.

На крајот, како епилог на сѐ, почетокот на натпреварот доцнеше 15 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска два нови пожари, ер тракторите се на терен

Во текот на вчерашниот ден имало 30-тина пожари на отворен протстор.

Денеска два нови пожари, ер тракторите се на терен

Речиси сите се изгаснати или ставени под контрола информира Ангелов

Пожарот на Китка е ставен под целосна контрола, последната огнена бикта на кракот кон Палиград е ставена под контрола, чадење има само уште во еден дол, но е опкружен од сите страни и очекува денеска да го прогласат за исгазнат.

Денешен ден има 2 нови пожари, во с.Копаница- Сарај кон Тетово, на планината Жеден, ер тракторите се на терен, линијата е голема и поради ветрот и сувата вегетација има шанси да се прошири

Втор голем пожар е во Тетовско некаде кај православните гробишта и се шири кон Шар Планина, на терен се тетовски пожарникари и полицискиот хеликоптер и се очекува наскоро да биде ставен под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов план за проширување на ЕУ – ќе се спречат ли нови билатерални условувања?

Не се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во Загреб

Нов план за проширување на ЕУ – ќе се спречат ли нови билатерални условувања?

Не се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во Загреб, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тоа што е наша обврска надвор од билатералните услови ќе го испорачаме и ќе бидеме најдобри во тоа, уверува тој.

-Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон Европската унија на земјите кандидатки, сега за сега, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици кои што стојат на располагање и се пред нас не само како држава туку и на самата Европска Унија,- -Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Планот на Кос за сеопфатна реформа на проширувањето за Македонија подразбира етапен процес на интеграција каде од нас се бара целосна усогласеност со европските политики и активно исполнување на реформската агенда, оценува аналитичарот Тони Поповски. Според него, не се работи за предлог кој предвидува т.н. членство од втор ред, туку како што вели, се нудат можности за постепено интегрирање до финалната цел – подготвеност за полноправно членство.

-Европската комисија прави напор да формулира еден концепт кој би овозможил некакви заштитни механизми во услови на т.н постепено интегрирање на државите кандидатки за членство. Истовремено се тангира и процесот на одлучување од причина што Комисијата смета дека на тој начин би се зголемила ефикасноста во носењето на одлуките што за нас е особено значајно бидејќи како што сите знаеме, не само за нашата држава, има процеси каде што постојат тенденции за билатерални условувања,- - Тони Поповски, Аналитичар.

Според Поповски иако за нас новиот план нема да го промени условот за уставни измени, сепак, тој може да предвиди политички механизам кој би спречил билатерални условувања надвор од Копенхашките критериуми.

Во таа смисла , може да се дадат политички насоки, да се овозможи повлијателна улога за Европската Комисија како чесен брокер и оценувач на напредокот на секоја држава кандидат и кога ЕК ќе препорача да се отвараат поглавја од преговорите па се до финалето, тие препораки да се примарно испочитуваат,- - Тони Поповски, Аналитичар.

Според планот еврокомесарката Кос кој се очекува да биде усвоен кон крајот на следниот месец, ЕУ треба да се прилагоди на идното проширување, преку внатрешни реформи во Унијата, посилни заштитни механизми против назадувањето на демократијата во новите земји членки , како и поамбициозен пристап кон постепената интеграција за земјите-кандидатки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денeска намалени цени на училишниот прибор низ книжарниците

Почна примената на владината мерка училишна кошничка.

Од денeска намалени цени на училишниот прибор низ книжарниците

Почна примената на владината мерка училишна кошничка - ранците, тетратките, блоковите, колажи, моливи, пенкала, боички, фломастери, острилки, гуми, футроли, лепила, папки, дигитрони, односно сите неопходни материјали за почетокот на новата учебна година од денеска во книжарниците се продаваат со попуст. По објавувањето на одуката во службен весник, министерот за економија Бесар Дурмиши вели трговицте ќе имаат неколку дена да се прилагодат и да ги променат цените, од понеделник стартуваат контролите. Доколку ДПИ утврди непочитување или злоупотреба на одлуката ќе има соодветни казни...

„Mерката е донесена на седница на влада и заедно со ДПИ ќе излеземе ќе ги контролираме сите книжари и сите маркети трговци кои продаваат овој вид на производи. Таму каде што ќе видиме дека не се почитува мерката или се злоупотребува нормално дека во рамки на законот ДПИ ќе постапува....“ - Бесар Дурмиши – министер за економија.

Со мерката, која ќе важи до крајот на месец септември, трговците не големо се задолжени цените на училишниот прибор да ги намалат најмалку 10, додека пак, оние на мало се задолжени да обезбедат попуст од најмалку 15 проценти.

- Трговците се должни, покрај новата намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето.

Во септември засилени контроли Друмиши најави и кај цените на храната. Растот на цената на горивата очекува да влијае и на другите цени но засега вели инфлацијата е стабилна и два месеци по ред имаме намалување на цените на храната. Доколку, инспекторите забележат девијантно однесување, вели како надлежно министерство веднаш ќе реагираат.

„Сега за сега стабилна е ситуацијата, ја мониторираме, ако се зголемуваат цените без економска оправданост од страна на трговците, како што сме постапиле и во минатото ќе постатиме и сега. Ние ја гледма ебруто профитанта маржа на трговцеот поради тоа што ако на берза се зголемува цената на нафта тоа ќе влијае и кај другите цени и ние со ДПИ правиме контроли на целиот синџир... “- Бесар Дурмиши – министер за економија.

На брифингот со новинарите Дурмиши рече дека во периодот кој следи можни се и измени во законот за нефер трговски практики, а зборуваше и за минималната плата – прашање кое рече дека во наредниот период ќе се отвори во рамки на ЕСС, бидејќи вели сите индикатори досега покажуваат дека таа во март повтроно ќе се згоелми, но исто така рече дека како институција се отворени за разговори и за смена на формулата за пресметка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер