Хаос на уште еден луксузен крузер: Над 100 патници и членови на екипажот се заразиле со норовирус - Канал 5

Хаос на уште еден луксузен крузер: Над 100 патници и членови на екипажот се заразиле со норовирус

Повеќе од 100 луѓе се заболеле од норовирус на крузерот „Карипска принцеза“, соопштија американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC).

Хаос на уште еден луксузен крузер: Над 100 патници и членови на екипажот се заразиле со норовирус

Досега, 102 патници и 13 членови на екипажот пријавиле симптоми на инфекцијата. Заразените најчесто се жалеле на стомачни проблеми, вклучувајќи дијареја и повраќање.

Појавата се случила за време на крстарење кое трае од 28 април до 11 мај. Бродот моментално плови низ северозападниот Атлантски Океан до Пуерто Плата во Доминиканската Република и треба да пристигне во Порт Канаверал, Флорида, на 11 мај. На бродот има вкупно 3.116 патници и 1.131 член на екипажот.

Поради ширењето на вирусот, екипажот ги зголемил мерките за хигиена и дезинфекција, ги изолирал болните патници и членовите на екипажот и собрал примероци за лабораториско тестирање, соопшти CDC.

„Принц Крузис“ соопшти дека мал број патници пријавиле благи гастроинтестинални симптоми за време на патувањето. Тие исто така рекоа дека веднаш се спроведени дополнителни мерки за чистење и дезинфекција низ целиот крузер и дека по пристигнувањето во Порт Канаверал, бродот ќе биде темелно исчистен и дезинфициран пред неговото следно пловење.

Норовирусот е многу заразен вирус кој предизвикува стомачни тегоби и е честа причина за епидемии на крузери. Според ЦДЦ, ова е четврта епидемија на гастроинтестинални инфекции на крузери оваа година.

МВ Хондиус е исто така во средината на епидемија на хантавирус, при што тројца патници починаа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер