ЖивотХаос на свадба: Бесните сватови го претепале младоженецот (ВИДЕО)Младоженецот бил избркан од сопствената свадба , а претходно бил претепан во градот Карачи во Пакистан.Асиф Рафик Сидиџи, бил избркан од сопствената свадба откако на веселбата се појавила неговата прва сопруга и и рекла на невестата дека Сидиџи веќе е оженет со две жени. Ова ги налути собраните гости на свадбата, кои потоа се нафрлија на младоженецот и му ги искинаа пантолоните и маицата. Ако не се скриеше под блискиот автобус и не му помогнаа минувачи, насилната толпа сватови сигурно ќе го претепаше до смрт. Иако полигамијата е легална во Пакистан и маж во земјата може да има до четири сопруги, тие мора да му дадат дозвола за да се премажи. Првата мора да ја одобри втората, таа да ја одобри третата, итн. Би-Би-Си пишува дека Сидиџи не ги добила потребните дозволи од претходните сопруги. Невестата на Сидиџи дознала во свадбената сала за првата сопруга на младоженецот. „Тој е мој сопруг и татко на моето дете. Ми рече дека оди во Хајдерабад на три дена“, рекла првата сопруга. Таа за рака го држешела момчето, за кое тврди дека е нејзин и син на Асиф. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Воз излета од шините кај Риека, вагоните паднале во провалија Товарен воз на компанијата „Трансагент“ излета од шините утрово, на 10 октомври, на влезот во станицата Меја во близина на Риека, при што 11 вагони паднаа во провалија. Во несреќата нема повредени лица, но станицата претрпела голема материјална штета и е целосно затворена за сообраќај. Несреќата се случи во неделата во 9:25 часот. Од „Хрватски железници“ соопштија дека возот превезувал жито и се движел кон Риека. Дефект на сопирачките Според досегашните информации, машиновозачот пред излетувањето го известил диспечерот дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот. Кратко потоа, возот излета од шините на влезот во станицата Меја. Единаесет вагони завршија во клисурата, додека локомотивата и два вагона останаа на станицата. Никој не беше повреден во несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаСДСМ: ВМРО-ОКГ го објави својот пад-сега нека ги објави вистинските бројки за СДСМВо нивната анкета стои 19,3 проценти. Од околу 32 на изборите, пад на 19. Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката. 41 процент нема да излезат, не знаат или не сакаат да одговорат. Тоа не е водство. Невозможно е повеќе да се скријат секојдневните лаги. Економијата е во колапс. Втор ребаланс за четири месеци, трет најавен. За пензиите фалат околу милијарда, а вториот пензиски столб нема пари. Во буџетот фалат 1,3 милијарди. За две години долг од околу 4 милијарди, повеќе од половина од независноста. Нема зголемување на минималната плата. Левица, нивниот сателит, не влезе ни во салата. Ова е дипломатија на намерни конфликти. Целосна изолација. Нема поле каде што се успешни. Народот ги виде лагите со кои дојдоа на власт. Нема веќе предавање на национален интерес. Единствен предавач е организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски. Тимчо Муцунски потврди - Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка. Преспа, вели Мицкоски е ремек-дело. Сиљановска: идентитет, јазик и култура се заштитени. Европа го потврди тоа. Последна во низата, претседателката на Комисијата, рече не се преговара со Бугарија, се преговара со ЕУ. Намерни провокации: прво фашисти, па коњопој, пред средба на Муцунски со бугарската министерка. Условот за кандидатите за ЕУ е соработка со независното обвинителство и соработката со Лаура Ковеши. А потоа, некој мора да понесе одговорност. Затоа е паниката. Затоа платеници- ЗНАМ, кои што ја предаде партијата па гласачите и Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони тендер. Руската Левица, која е анти-ЕУ, анти-НАТО, против стратешкиот партнер Америка, кои што не гласаа за платата на работниците. Целта е да ја запрат единствената опозиција. СДСМ ја враќа довербата токму сега, кога граѓаните знаат дека сè било лага. Секој ден гледаат задолжување, провизија, рудник за трговец со оружје, дата центри за туѓа дигитализација, провизија за арамијата. За народот вели талог, глодари, медиокритети, а за себе елита и институција. Најпосле ВМРО го призна падот. Вистинскиот е поголем. Повеќе не можеше да се штелува, затоа што и за ова веќе никој не им верува. Се сеќавате на анкетите во Унгарија. И на изјавите на ВМРО за победа на менторот на Мицкоски и заштитникот на бегалец Грујевски - Виктор Орбан. Што се случи? Народот победи. Наскоро народот ќе победи и тука. Власта ќе биде во рацете на граѓаните. Нема анкета што ќе ги спаси од правдата. Од неа не се посилни. Скопје, 10.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
КултураПоезија од Мозамбик во срцето на Прилеп„Да живее Македонија, да живее Мозамбик“, слемираа Елијане Лусија Леонардо Бутелане и Наташа Сокре, гостинките слемерки од Мозамбик, на фестивалот „Поетски слем Македонија“, кој четири дена се одржува во Прилеп.Во полната сала на киното „Мис Стон“, публиката имаше можност одблизу да го почувствува пулсот на Африка, со поезија во која беа испреплетени традицијата и современите социјални горливи расни, политички и родови прашања. Елијане Лусија Леонардо Бутелане е писателка, слемерка и активистка од Мапуто, Мозамбик, добитничка на повеќе национални книжевни награди и признанија, како и национална претставничка на својата земја на Светското привенство во слем -поезија во 2025 година, кое се одржа во Париз, Франција. Наташа Сокре е писателка, активистка, слемерка од Мапуто, Мозамбик, голем борец за човекови права, чиј збор поттикнува поголема општествена свесност за правата на жените, децата, родовата еднаквост и социјалната неправда. Повеќе пати ги освојува првите три места на поголем дел од слем-натпреварите во Мозамбик. Покрај настапот на гостинките-слемерки, втората фестивалска вечер се одржа и полуфиналето за слем-поезија, на која најмногу поени добија Стефанија Граовац, Тони Павлески и Лилјана Сливоска. Тие вечерва во финалето ќе се натпреваруваат со Валерија Дамчевска, Матеј Петров и Јован Лешев, кои добија најмногу бодови на настанот по повод Светскиот ден на слемот, кој се одржа на 26 септември во Скопје. Третиот фестивалски ден ќе се одржат и неколку поетски промоции на книги, како и главното слем-натпреварување. Промоција на збирка поезија од Марија Грубор, чија промоторка ќе биде Елена Пренџова, ќе се одржи во клуб „Дипломатик“ со почеток во 18 часот. Фестивалот свечено ќе се отвори со слем-караванот, кој ќе почне на прилепскиот плоштад (кај Саатот) и ќе се движи до НУЦК „Марко Цепенков“. Ќе се одржи и промоција на книгата „Како паѓаме јас и ти“ од Ненад Јолдески, а промотор ќе биде Ѓоко Здравески. Главното слем-финале ќе се одржи во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, по што следи концертна промоција на збирката „Пружини“ од Пијан Славеј (Бранислав Николов), заедно со „Хот џез оркестра“. „Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство. Годинешниот победник ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство, со можност и на Светското, а како подарок ќе добие часовник од брендот „11и11“. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп. Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook