Други спортовиХаос на стартот на Мото Гран При во Барселона: Падна возач, друг го прегази (ВИДЕО)Бранителот на насловот светски шампион во Мото ГП, Италијанецот Франческо Багнаја (Дукати) тешко падна, а потоа беше удрен од Бред Бајндер (КТМ) од Јужна Африка неколку секунди по почетокот на ГН на Каталуња.Водечкиот мотоциклист, кој тргна од пол-позицијата, сам паднал кога изгубил контрола над предното тркало по вртење. Италијанскиот мотоциклист веднаш бил префрлен на тестови во Медицинскиот центар Circuit de Catalunya. Неколку секунди претходно, пет возачи излетаа во првиот свиок. Италијанецот Енеа Бастианини (Дукати) пропушти сопирање одвнатре и удри во Французинот Јохан Зарко (Дукати-Прамак), а потоа и во Шпанецот Алекс Маркез (ESP / Дукати -Гресини), Италијанецот Фабио Ди Џанантонио (ИТА / Дукати-Гресини) и во Марко Безеки (ITA / Ducati-VR46). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
БалканВидео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушилаНеобична глетка во Сараево, реката Миљацка пресушила во дел од главниот град на Босјна и Херцеговина. Граѓаните што минувале низ Бентбаша утрово биле пречекани со необична глетка, бидејќи реката Миљацка пресушила. Во дел од коритото на реката Миљацка во близина на базенот нема вода, видливи се само камења, песок и речни наслаги. Фоторепортер на „Аваз“ ја забележил неверојатната сцена. Поголемиот дел од речното корито е покриен со камења. Засега нема официјални информации што објаснуваат зошто Миљацка пресушила на овој дел кај Бентбаша во сараево, ниту пак се знае дали станува збор за привремена појава.Тагови: сараево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
КултураМакедонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди...Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот.Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“ Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври во продажба се достапни од денес, 24 јули, а публиката може навреме да ги обезбеди своите места и да биде дел од отворање на новата театарска сезона. Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од најзначајните драмски класици. Во претставата настапуваат: Дарја Ризова – Ирина, Наталија Теодосиева – Маша, Верица Недеска – Олга, Дамјан Цветановски – Андреј, Благој Веселинов – Александар, Емил Рубен – Иван, Ивица Димитријевиќ – Игор, Нина Деан – Наташа и Антонио Ташковски – Никола. Креативниот тим го сочинуваат: сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски, а извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен. Со нова енергија, нови идеи и уште поголеми уметнички предизвици, Македонскиот народен театар продолжува да ја гради својата мисија – да создава врвна театарска уметност и креативност со културни вредности. Македонскиот народен театар успешно ја заокружи сезоната 2025/2026 – година исполнета со амбициозни продукции, значајни копродукции, бројни гостувања, престижни признанија и силна меѓународна афирмација. Истовремено, сцената на МНТ беше домаќин на еминентни театри и уметници од регионот, меѓу кои Црногорското народно позориште, Народното позориште Белград, Словенечкото народно гледалиште Марибор, Никшиќко позориште, како и повеќе независни продукции и авторски проекти. Во текот на сезоната Македонскиот народен театар оствари бројни гостувања во Македонија и во странство, меѓу кои во Будимпешта, Дубровник, Врање, Пожаревац, Ќустендил, Струмица, Куманово, Велес, Прилеп, како и на други фестивали и сцени, успешно претставувајќи ја македонската театарска уметност пред домашната и меѓународната публика. МНТ реализираше 12 премиерни проекти, кои понудија жанровска и естетска разновидност – од современа светска и домашна драматургија, преку танцови и музички сценски форми, до големи сценски спектакли и копродукциски проекти. Публиката имаше можност да ги проследи премиерите на „Ангели во Америка – Среќна фантазија на национални теми, дел I: Милениумот наближува“, „Драга Јелена Сергеевна“, „Варвари“, сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“, концертот „Уште ми фалиш“, „Син понеделник“, танцовата претстава „Диво месо“, „Страв и надеж“, „Западен експрес“, „BIVIR… BIVIR…“, мјузиклот „Као Какао“ и „Вонземјани“. Сезоната ја одбележаа и бројни копродукции со домашни и меѓународни партнери, потврдувајќи ја уште еднаш определбата на Македонскиот народен театар за отворање нови авторски поетики, современи сценски изрази и регионална соработка. Особено успешна беше фестивалската година. Претставите на МНТ освоија повеќе значајни награди во земјата и регионот. Претставата „Страв и надеж“ ја доби Гран при наградата за најдобра претстава во целина и наградата за најдобра музика на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Доделено беше и високото признание „Лауреат" на 17. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски" на истакнатиот уметник и првенец на МНТ - Игор Џамбазов. Претставата „Бог на колежот“ освои Гран при на фестивалот „Денови на комедијата“, а актерот Ѓорѓи Јолевски беше прогласен за најдобар актер. „Народен пратеник“ ја доби главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање, додека актерите Тони Михајловски и Тања Кочовска беа наградени за своите актерски остварувања на два различни фестивала. МНТ доби тројна победа на „Бекстејџ“: „12“ – претстава на годината, Микиќ – најдобар актер и Џамбазов – со изјава на годината. На фестивалот „Актерот на Европа“, Снежана Коневски-Руси ја доби наградата за најдобра сценска интерпретација за монодрамата „BIVIR… BIVIR…“. Во текот на сезоната беа реализирани бројни дополнителни програмски активности – работилници, промоција на монографијата „Македонски народен театар 1945 –2025: Драма – приказни поголеми од времето“ и одбележување на 80 години од основањето на Македонскиот народен театар. Искрено ѝ се заблагодаруваме на публиката за довербата, на сите автори, актери, соработници, техничкиот и административниот тим, како и на институциите, партнерите и поддржувачите, кои беа дел од оваа успешна сезона. Се гледаме во новата театарска сезона 2026/2027.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Молкот на СДС, ДУИ и Таравари е признание дека го штитат Валбон ЛиманиПо скандалот со водата во Гостивар, најгласен е молкот на СДС, ДУИ и Таравари.Ниту осуда, ниту барање за одговорност, ниту повик за оставка од нивниот кандидат Валбон Лимани, кој јавно изјави дека не чувствува никаква морална одговорност. СДС, ДУИ и Таравари молчат затоа што Валбон Лимани е нивен кандидат и го штитат преку нивните обвинители и судии. Молкот е доказ дека за СДС, ДУИ и Таравари партиската припадност е поважна од здравјето на граѓаните. Тие секојдневно бараат оставки од кого стигнат, но кога се работи за нивните кадри, сите принципи за отчетност исчезнуваат. Брзата реакција на владините институции, ќе го реши проблемот во Гостивар во експресен период. Тоа покажува дека коалицијата во Гостивар предводена од СДС, ДУИ и Таравари нема капацитет да ја води општината. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook