Хаос на Шенген границите поради новите правила- системот „паѓа“, патниците чекаат со часови - Канал 5

Хаос на Шенген границите поради новите правила- системот „паѓа“, патниците чекаат со часови

Имплементацијата на новиот EES (Систем за влез/излез) на границите на Европската Унија, наместо да забрза, донесе неочекувани одложувања и конфузија.

Хаос на Шенген границите поради новите правила- системот „паѓа“, патниците чекаат со часови

Иако јавноста разбра дека биометриските податоци ќе се земаат само еднаш, при влегување во Шенген зоната, извештаите од терен покажуваат дека овие податоци се собираат и при влегување и при излегување, што создава не само конфузија кај патниците, туку и огромни метежи, објави Телеграф.

Во оваа прилика, Националното здружение на туристички агенции (YUTA) објасни за Telegraf BIznis што точно се случува зад шалтерот на граничната полиција, зошто се создаваат толпи и кои организациски недостатоци најмногу ги погодуваат патниците.

Компликации на границата

Иако фокусот на јавноста беше на собирањето биометриски податоци при влегување во земјите од Шенген, YUTA предупредува дека постапката за излез е подеднакво важна, но и проблематична.

Имено, при излегување од Шенген зоната, биометриските податоци повторно се проверуваат и целта на оваа проверка е двојна:

• Утврдување на идентитетот на патникот.

• Автоматско внесување на датумот на излегување во системот.

Овој чекор е клучен бидејќи електронски контролира почитување на правилата за престој, односно дали патникот не ги надминал дозволените 90 дена во период од 180 дена. Без точно евидентирање на излегувањата, системот би можел погрешно да сигнализира пречекорување на престојот.

Недостаток на обука на службениците и „паѓање“ на системот

Според информациите од YUTE, постапката за излез од Шенген треба да се одвива во најмалку два чекори:

-Пасошка контрола.

-Проверка на барем еден биометриски податок за споредба со базата на податоци.

Сепак, практиката на терен е поинаква. Граничната полиција, која според YUTE сè уште не е доволно добро обучена за новиот систем, честопати непотребно го комплицира процесот со проверка на сите три параметри одеднаш, што значително го забавува протокот на луѓе.

Дополнителен проблем создава технологијата. Поради огромната количина на податоци што влегуваат во базата на податоци во реално време, системот често „паѓа“, што доведува до целосни застои на границите.

Што ако не сте регистрирани при влез?

Конфузијата е дополнително влошена од ситуацијата со патниците кои влегле во Шенген зоната во време кога не биле земени биометриски податоци (или системот не работел).

Во такви случаи, постапката за излез се менува. Податоците потоа се земаат и се складираат во системот на лице место, при напуштање на зоната, што дополнително го продолжува времето на чекање за сите во редот.

Заборавени патници

YUTE посебно истакнува дека организацијата на имплементацијата на самиот EES систем е лоша бидејќи не биле земени предвид реалните ситуации на терен и потребите на специфични групи патници. Системот и процедурите се покажаа како особено несоодветни за лицата со попреченост и патниците со здравствени проблеми кои физички го ограничуваат движењето или моторните вештини (на пр. артроза, вкочанетост на рацете итн.), што го отежнува скенирањето на отпечатоци од прсти и го забавува процесот.

Во моментов постои голема конфузија и меѓу патниците и меѓу самите гранични службеници, а толпите се директен резултат на комбинација од технички проблеми, несоодветна обука и лоша проценка на ситуацијата на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер