Хаос и паника во Венецуела- обид за атентат со дрон врз претседателот Мадуро (ВИДЕО)

Претседателот на Венецуела , Николас Мадуро преживеа атентат со дрон среде парадата по повод Денот на Националната гарда .

Дронови наполнети со експлозив се активираа во близина на местото од кое Мадуро држеше говор по повод денот на Националната гарда на Венецуела. Тој и неговата придружба се неповредени , потврди министерот за информации Хорхе Родригез.

,,Имаме доказ дека тоа беше обид за убиство.Претседателот Мадуро излезе неповреден и продолжува со работата. “, потврди Родригез.

На снимките се гледа како Мадуро го прекинува говорот. Тој во еден момент погледнува во небото , а десетина војници трчаат кон плоштадот. Во тој момент се слушаат пискотници. Во нападот се повредени седуммина припадници на Националната гарда.

Мадуро подоцна изјави дека зад нападот стои претседателот на Колумбија , Хуан Мануел Сантос. Тој додаде и дека му помагале лица кои живеат во САД и го помагаат Сантос. За владата на Венецуела , атентатот бил извршен од опозицијата . Од Колумбија упатија демант на тврдењата на Мадуро и отфрлија каква било вмешаност .

Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години

 Очекуваниот просечен животен век во Шпанија е 84 години. Поради тоа, оваа средоземноморска земја важи за дом на најдолговечната нација меѓу 27-те земји на Европската унија.

Научниците сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло... Но, и поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на кои жителите минуваат повеќе време надвор и во физички активности.

На второ и трето место се Италија, каде што луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со очекуван животен век од 83,6 години. Просекот на Европската унија е 81,5 години.

- Во средоземноморските земји го цениме и социјалниот живот, па затоа излегуваме почесто од луѓето во нордиските земји, кои нè надминуваат во однос на БДП по глава на жител, вели Мануел Ангвита, претседател на шпанската Асоцијација на кардиолози.

Старосната граница е најниска во Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Латвија, а на дното е Бугарија, каде што животот во просек трае 75,8 години. Стручњаците сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае и тоа што пијат помалку алкохол, солидните здравствени услуги, тоа што со десетлетија не биле во војна и политиката на намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Осуммина повредени во украински напад на Белгород, оштетени речиси 20 станбени згради

Во украинскиот воздушен напад врз руската област Белгород во текот на ноќта осум лица се повредени, а оштетени се многу станбени згради и автомобили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Тој на Телеграм наведе дека меѓу повредените има и 11-годишно девојче, кое е хоспитализирано и додаде дека се оштетени повеќе од 30 станови во 19 станбени згради.

Како што јавуваат странските агенции, руските сили за воздушна одбрана собориле 15 ракети „Вампир“ и едно беспилотно летало во регионот на Белгород, две беспилотни летала во областа Брјанск, како и три беспилотни летала во областа Курск.

Пленковиќ им ја честита победата на Мицкоски и Сиљановска-Давкова

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му ја честита победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните парламентарни избори, како и на „новоизбраната претседателка на земјата“.

- Честитки до Христијан Мицковски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, напиша Пленковиќ на Х.

притисни ентер