Хан: Секој глас се брои, сигурен сум дека референдумот ќе има позитивен исход

Еврокомесарот за проѓирување на ЕУ Јоханес Хан со порака од Штип, секој граѓанин да го искористи своето право и да излезе на референдумот. 

Тој како што вели е сигурен дека референдумот ќе успее но сепак одлуката вели а на граѓаните, а политичарите ќе треба да ја почитуваат.

Граѓаните да го искористат своето демократско право и да излезат на референдум, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од Штип. Тој како што вели е сигурен дека референдумот ќе има позитивен исход но одлуката е граѓаните и политичарите ќе треба да ја почитуваат.

„Најважно е граѓаните да го искористат нивното демократско право и да учествуваат на референдумот бидејќи секој глас се брои. Ова треба да биде особено јасно дека се работи за фундаментално прашање. Многу сум сигурен дека ќе има позитивен исход, но сепак се работи за одлука на граѓаните на земјава која треба да се почитува. Но потоа политичарите треба да ги донесат своите одлуки и да ги донесат заклучоците“, изјави Јоханес Хан - Еврокомесар за проширување на ЕУ

Хан утринава во Скопје зборуваше на дебата посветена на состојбите со медиумите во земјите од Западен Балкан. Посочи дека за граѓаните да донесат правилна одлука како ќе гласаат на референдумот, медиумите треба реално да информираат за Договорот со Грција и последиците кои ги носи со него.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлен Дезир рече дека постои напредок кај западнобалканските земји, но сепак загрижуваат нерасчистените случаи на напади врз новинари.

Премиерот Зоран Заев вели дека е во постојана комуникација со МВР од каде очекува Секторот за внатрешна котрола иако со задоцнување да прибере докази и да ги расчисти сите случаи на нападнати новинари.

Хан порача и дека секое несанкционирање на нападнатии новинари е на штета на репутацијата на секоја земја а особено негативно ќе се одрази на нејзиниот пак кон Европската Унија.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер