Хан: На 30 септември ја определувате својата иднина

 На 30 септември имате  единствена можност да ја определите својата иднина. 

Тоа е можност што се нуди еднаш во животот. Одлуката ќе има влијание врз граѓаните, нивните деца и на идните генерации кои се уште не се ни родени. Референдумот е уникатна можност да се донесе важна одлука со далекусежни последици, порача еврокомесарот Јоханес Хан по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје.

Според него, важно е граѓаните да донесат информирана одлкука преку квалитетно известување.

- Информирајте се и искористете го демократското право на глас и слободен избор, особено младата генерација, Одете да гласате и одлучете за можностите кои ви се нудат, рече Хан.

Тој повторно искажа поддршка за договорот меѓу Македонија и Грција.

- Договорот е силно поддржан од меѓународната заедница зашто е чувар на земјата и на евроатлантските перспектива, но одлуката за него е одлука која граѓаните независно треба да ја донесат. Тоа ќе биде важен прилог за земјата и за регионот. Останува на вас да решите на 30 септември. Вратата на ЕУ е отворена, но вие решавате дали ќе ја искористите можноста. Нема време за губење, порача Хан.

Посочи дека во изминатите недели Скопје станало најпопуларната дестинација на политичарите од Европа и од целиот свет.

- Тоа е доказ колку се цени спогдбата со Грција и како на неа гледа меѓународата заедница. Во светот имало многу долготрајни конфликти, а ова е редок пример на нивно решавање, што е поздравено од меѓународната заедница. Тоа поттик за сите и покажува дека дури и замзрнатите конфликти можат да се решат ако има добра волја, лидерство и одлучност, рече Хан.

Сепак, како шти нагласи, конечната одлука зависи од граѓаните.

- Каква одлука и да се донесете ЕУ ќе биде на ваша страна, рече Хан.

Најави дека следната недела почнува скиринингот односно подготвителните активности за прегововорите за членство на Македонијанија во ЕУ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Хан истакна дека пораката што ја упатил на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски е иста како онаа што ја упатува до граѓаните и сите останати чинители.

- Мојата порака кон него како и до премиерот и останатите лидери не само вчера, туку и претходно е дека станува збор за рефренедум за иднината нја земјата и целата ситуација не смее да се исполизитира. Политичките партии треба да се воздржат од злоупотребување на ова за партиски цели, рече еврокомесарот потенцирајќи притоа дека во ваков крупцијален момент не е момент да се играат политички игри.

Премиерот Заев посочи дека најважната одлука до почеток на преговорите со ЕУ ќе ја направат граѓаните на 30 септември.

- Република Македонија и нејзините граѓани ја ценат поддршката на ЕУ за унапредување на нашата држава. Денешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан го потврдува тоа. Имам само зборови за пофалба за кампањата „Замисли иднина заедно“ која ги потсети граѓаните за нераскинливите врски со ЕУ. Граѓаните никогаш порано не се чувстувале како дел од ЕУ како сега, рече Заев, додавајќи дека тоа се покажало и со неговото обраќање на мајчин јазик во Европскиот парламент.

Македонскиот премиер оцени дека секоја средба со лидерите на Европската унија во оваа фаза на патот кон ЕУ е огромна поддршка и оти круна на напредокот на државата ќе бидат претпристапните преговори со Унијата.

- На 27 септември ќе го започнеме скринингот, а до јуни ќе покажеме конкретни реформски чекори како владењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во администрацијата, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.

Демири сака болницата во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово

Министерот за здравство Илир Демири сака болницата за белодробни заболувања во Лешок да ја спои со Клиничката болница во Тетово...

На ваквата одлука што ја најави министерот при неодамнешната посета на Тетово, остро се спотивставува медицинскиот персонал од специјализираната болница.

-Бараме да се донесат доктори специјалисти за да продолжи нормалното функционирање на болницата. Бараме барањето на министерот Демири, поврзано со нашата болница, итно да се поништи да не се најде на следната седница на Владата“, се вели во соопштението кое го испратија од болницата во Лешок.

Демири рече дека ако специјализираната болница не се земе под покровителство на тетовската болница таму без плата ќе останат 20 вработени.

Управен ги отфрли сите тужби на ДУИ - ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати?

Ќе дојде ли до промена на пратеничките мандати во 5. и 6. изборна единица?

По маратонска расправа во текот на вчерашниот ден Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ против решенијата на ДИК за прегласување на парламентарните избори во седум избирачки места. Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, два пратеника – по еден во петката и шестката..

Во Изборната единица 6 ДИК прифати еден приговор за избирачко место во Желино. Таму најмногу гласови освои коалицијата Влен, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4.

Во шестка, Европскиот фронт освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8-8.

Во петката, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата на ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници во зависност од пресметката со Донтовиот модел кој може да биде пресуден а со оглед на ниската разлика во изборниот количник.

Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај.

-Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат.- Коалиција Вреди

Со поднесувањето на приговорите до ДИК и барањето за прегласување од Вреди и ВМРО ДПМНЕ, од ДУИ обвинуваа за изборен инжињеринг кој како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници.

Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и заштита на одводните канали за полесно одлевање на површинските води, велат агрометеоролозите.

-Променливото време со повремени врнежи дожд во изминатите денови, ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но и со услови на појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност на воздухот. При вакви временски услови, земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви од плевели, појава на болести и штетници, заради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, нагласуваат агрометеоролозите.

Тие оценуваат дека новите врнежи кои ги најавува УХМР, ќе ги дополнат вештачките акумулации кои беа со намалено ниво на вода.

притисни ентер