Хан: Квалитетното известување клучно за информирање на граѓаните за референдумот

 Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје на две недели од референдумот за земјата порача дека од клучна улога е квалитетното известување на граѓањето за да направат информиран избор.

- Овој специфичен политички контекст може да послужи како пример зошто квалитетното информирање е толку важно. Квалитетното информирање им помага на граѓаните да направат информиран избор. Сметам дека сите медиуми треба да ги интензивираат заедничките напори за да информират за фактичката содржина на договорот за името и последице од гласањето на граѓаните, како и за подигање на свеста кај нивните гледачи и читатели за важноста да го искористат своето демократство право да гласаат. Ова е еден од најубедливите примери суштествената улога која ја имаат медиумите во демократскиот процес, рече Хан на отворањето на конференцијата за слобода на медиумите на Западен Балкан во Скопје финансирана од ЕК.

Осврнувајќи се на севкупната состојба на Западен Балкан тој рече дека оваа година има многу нови и позитивни моменти во процесот на пристапување, но оти за жал, тоа не е случај во областа на медиумите.

Хан посочи на податоци од регионалната платформа за заштита на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите дека оваа година се регистрирани 11 физички напади врз новинари во овој регион и дека тоа е неприфатливо. Според него, тоа се должи на нерешителноста на оние кои се задолжени да ги истражат и казнат извршителите на овие напади, што создава атмосфера на неказнивост која влијае на слободното и незаивсно известување.

- Заштита на слободата на медиумите е невозможна без функционално и независно судство, порача еврокомесарот Хан.

Потребно е, нагласи тој, земјите од Западен Балкан да работат на подобрување на слободата на медиумите и спроведувањето на законите, бидејќи тоа е еден од условите за пристапување во ЕУ.

- Тоа е неповратен пат за сите земји кои се стремат да станат членки, рече Хан./МИА.

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. /МИА

Град Скопје: Без соодведни документи и дозволи се монтира панорамско тркало во Карпош

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

притисни ентер