Хан: Јас сакам да ви се обраќам со Северна Македонија

На Јоханес  Хан повеќе му се допаѓа  земјава да ја нарекува Северна Македонија отколку ФИРОМ. Ова го кажа по средбата со премиерот Заев.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска од Скопје уште еднаш ги повика граѓаните на Македонија да ја искористат отворената врата на ЕУ и НАТО и на референдумот на 30 септември, да го искористат своето право да ја определат својата иднина. Не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ но вие ќе одлучите дали ќе ви се обраќам како Северна Македонија, рече Хан.

Каква одлука и да донесете ЕУ ќе биде на ваша страна, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев. Но посочи дека референдумот на 30ти септември е уникатна можност за земјава, а граѓаните треба да ја искористат и да се изјаснат. Кратенката ПЈРМ не ми се допаѓа, но вие ќе одлучите дали ќе ви се обраќам како Северна Македонија, рече Хан.

На 30ти септември граѓаните ќе имаат уникатна можност да ја определат својата иднина. Ова е можност која се јавува еднаш во животот да се направи избор кој ќе има влијание не само на оваа генерација на луѓе туку и на следните генерации, нивните деца и внуци и на тие кои се уште не се родени. Ова е многу уникатна можност за граѓаните на земјава да донесат толку важна одлука.

Премиерот Заев уште еднаш го повтори ставот дека за граѓаните нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и НАТО. Очекува тоа да се потврди и на референдумот.

Хан е во дводневна посета на земјава. Вчера имаше средба и со лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Рече дека побарал од него партијата да се воздржи од употреба на референдумското изјаснување за партиски цели.

Мислам дека политичките партии треба да се воздржат од одрекување на ова за партиски потреби и цели. Мислам дека секој треба да одлучи преку своите интереси и гледишта и во ваков значаен момент не е време да се играат политички игри.

Еврокомесарот рече дека времето е се пократко, посочувајќи дека следната недела во Брисел почнува скринингот. Појасни дека се работи за сериозен и сложен процес, кој не се однесува само на правни одредби, туку како што рече, тоа го опфаќа и секојдневниот живот на граѓаните како квалитетот на воздухот, прехранбените производи, образованието, здравството, и сите сектори кои имаат влијание врз секојдневиот живот.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер