Хан денеска во посета на Македонија

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска доаѓа во посета на земјава.

Прес конференцијата со премиерот Зоран Заев е најавена во 9.15 минути.. Неговата, како и посетата на Рикер утре, доаѓаат во екот на аферата Рекет, случувањата околу СЈО и Предлог Законот за обвинителството.

Реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен на земајва да и биде одреден датум за почеток на пристапните преговори, ќе биде главна тема на средбите што ќе има денеска во Скопје еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Хан, со државниот врв и со лидерот на опозицијата се очекува да разговара и за новиот Закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

Во посета на земјава утре ќе престојува и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа во Скопје од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас.

Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конферениција на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

притисни ентер