Хамилтон со фуриозен финиш до триумф на Силверстон

Актуелниот светски шампион Луис Хамитон е победни на фантастичната трка во Силверстон за Големата награда на Велика Британија.

Во трка полна со инциденти, пресврти, казни и драма возачот на Мерцедес Луис Хамилтон стигна до голем триумф.

Трката на легендарната патека во Силверстон запоќна со гоема борба меѓу двајцата водечки пилоти во шампионатот, Марк Ферстапен и Луис Хамилтон уште во првиот круг на најбрзата кривина на трката предизвикаа инцидент. Хамилтон со предното лево тркало удри во задното десно тркало на Ферстапен , лидерот во Ф1 првенството ја загиби контролата над својот болид и заврши во заштитната ограда. Тука Ферстапен и ја заврши трката. Сам го напушти возилото и подоцна бил пренсен во болница на детални прегледи.

Хамилтон заработи казна од 10 секунди која сепак не го спречи на крајот да стигне до нова победа на Ф 1 првенството.

По инцидентот трката беше прекината, по рестартот возачот на Ферари Шарл Леклер ја имеше водечката позиција се до последниот круг кога на спектакулерен начин беше претекнат од победникот Хамилтон.

Покрај Хамилтон и Леклер по крајот на британското Гран при на подиумот се искачи уште еден возач на мерцедес , третопласираниот Валери Ботас .

Тринаесетгодишно куче пронајдено во пештера по два месеци потрага

Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Џеф Бонерт го пронашол своето куче Аби, по два месеци потрага, во пештера недалеку од нивниот семеен дом во Мисури.

Тринаесетгодишното куче побегнало од дома на 9 јуни, по што семејството Бонерт постојано го барало. Џеф се откажал од потрагата кога му се јавил соседот кој му рекол дека луѓето кои истражувале блиска пештера пронашле куче и се посомневале дека е негово.

- Во пештерата најдоа куче. Можеби тоа би можело да биде Аби - стоело во пораката што ја добил од соседот.

Бенерт се сомневал во тоа, но бил љубопитен и отишол во пештера во близина на неговата куќа.

Кога ја видел сликата што му ја покажал еден од спасувачите, не можел да поверува.

- Им реков дека тоа е моето куче - изјави Боенрт за АП.

Средбата ја фотографирала неговата сопруга, а интересен е и податокот дека само неколку недели пред кучето да наполни 14 години. Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Масивен хакерски напад врз естонската влада откако отстрани советски споменик

Канцелариите и компаниите на естонската влада беа погодени од бран сајбер напади што започнаа веднаш по отстранувањето на советски споменик во земјата.

Во средата, Естонија беше изложена на „најобемниот сајбер напад од 2007 година“, објави во четврток на Твитер државниот секретар за ИТ инфраструктура Лукас Кристјан Илвес.

Сепак, тој рече дека нападите биле „неефикасни“ и поминале „во голема мера незабележани“. Руската хакерска група „Killnet“, наводно, ја презеде одговорноста за нападите. „Дигитална Естонија работи многу“, напиша Илвес, бидејќи земјата која така се нарекува самата себе се гледа како пионир на дигитализацијата во Европа.

Граѓаните на Естонија, со население од околу 1,3 милиони луѓе, можат да ги направат речиси сите административни процедури онлајн. Во вторникот, Естонија отстрани советски тенк споменик во близина на естонско-рускиот пограничен град Нарве и го префрли во музеј. Големо руско малцинство живее во балтичката држава, пренесе Индекс.хр.

Салах обновува црква во Каиро: Донираше 150.000 евра за храмот во кој загинаа 41 лице

Минатиот викенд, најмалку 41 лице, меѓу кои најмалку десет деца, загинаа во пожар во коптска црква во Каиро.

Десетици луѓе беа повредени.

Еден од оние кои први дојдоа на помош со парична донација е Мохамед Салах, најдобриот египетски фудбалер. Напаѓачот на Ливерпул донираше 150.000 евра за реконструкција на опожарената црква Абу Сефеин.

Во пожарот изгоре црквата Абу Сефеин, која се наоѓа во густо населениот кварт Имбаба. Итната помош соопшти дека успеале да го изгаснат пожарот, кој избувнал за време на утринската литургија.

Нејзината причина се уште не е позната. Полицијата претходно соопшти дека првичната истрага констатирала дека пожарот можел да настанал од краток спој.

Коптските христијани сочинуваат околу 10 отсто од претежно муслиманското население во Египет.

Извор: Курур спорт

притисни ентер