Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ФудбалХамес Родригез во преговори со МинесотаКолумбискиот фудбалер Хамес Родригез, ќе ја продолжи својата кариера во МЛС. Според „Атлетик“, 34-годишниот фудбалер од средниот ред наскоро ќе потпише договор со Минесота јунајтед, што ќе биде 13-ти клуб во неговата кариера.Хамес претходно играше за Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон, Ал-Рајан, Олимпијакос, Сао Паоло и Рајо Ваљекано. Минатата есен се појавија информации дека Колумбиецот бара клуб каде што би можел да се докаже и потенцијално да влезе во составот на колумбиската репрезентација за Светското првенство во 2026 година. Оваа сезона, Родригез играше во 14 натпревари од мексиканската лига за Леон, постигнувајќи три гола и две асистенции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападотПо вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба. Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијатаНа две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
СветТрамп се закани дека ќе го уништи Иран во говорот пред Обединетите нацииДодека Трамп од говорницата порачуваше дека или Иран ќе стане подобро место за живеење или ќе го снема од светската мапа, американска и иранска делегација во Њујорк веќе преговараа за мировно решение зад затворени врати, прв пат по три месеци.Веста ги затекна и новинарите во Њујорк, кога им ја пренесе самиот Трамп на средбата со Зеленски. -Состанокот траеше три часа, заврши пред еден час. Беше многу добар состанок. Знаете дека постојат две можности (за Иран) и ги слушнавте во мојот говор денеска. Едната е многу лоша, другата може да доведе до големи нешта за земјата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Нема детали од средбата одржана со посредство на Катар, освен дека учествувале двоецот Витков – Кушнер од американска и шефот на дипломатијата, Арагчи од иранска страна. Главна тема било деблокирање на Ормутскиот теснец, за што Техеран ги испорачал своите барања - укинување на американската поморска блокада и крај на конфликтот на сите фронтови. -Присуството на нашата делегација во Њујорк беше искористена јасно да се пренесат овие прашања до американската страна. , изјави Есмаил Багхеин, портпарол на иранското МНР. Нема конкретен напредок и за војната во Украина, освен заложбата да се дојде до мир пред почетокот на зимата. Зеленски е подготвен да ги прекине нападите врз руските рафинери ако тоа го стори и Путин, откако Трамп алармираше дека уништениот руски енергетски систем е главна причина за рекордните цени на дизелот. -Ние сме подготвени за секаков формат на енергетски прекин на огнот. Ако ние не напаѓаме енергија, мислам на целата енергија, се. Ова е нашиот предлог. Благодарни сме на американската страна, кој ќе го сподели предлогот со руската страна. Јас не ја знам руската позиција. Дали сте подготвени за средба со Путин? Јас сум подготвен. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Мислам дека ќе постигнат договор, не би можел да кажам каков. Разговараме многу за тоа, вклучително и со претседателот Путин. Мислам дека нешто ќе се случи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Ставовите на Трамп искажани вчера за повеќе прашања предизвика неколку делегации да ја напуштат салата. Атмосферата ја вжешти и францускиот претседател Макрон кој демонстративно тропна на говорницата, осудувајќи ги фалбите на американскиот колега дека донел мир во појасот Газа. -Каков кредибилитет имаме ако продолжиме да остануваме неактивни пред ситуацијата во Газа? Некои се фалат со наводен мир, но тој мир не го овозможи повторното отворање на хуманитарниот пристап ниту за една секунда. Дали треба да го гледаме овој спектакл што треба сите да нè засрами?, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција. Веста за новата рунда преговори меѓу Вашингтон и Техеран ја намали цената на нафтата од типот Брент, која падна под 100 долари за барел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50