Хали Бери со шокантно сведоштво за односите со поранешниот партнер

Хали Бери го обвини канадскиот модел Габриел Обри за злоупотреба и инцест, и иако тие пред скоро 10 години беа заедно, јавноста дури сега дозна шокантни детали од нивната врска.

Тие се запознале додека снимале за Версаче во 2005 година. Тоа било љубов на прв поглед, и по извесно време ја добија нивната ќерка Нахла. Пет години подоцна, нагло ја прекинаа врската, а една година подоцна започна судската битка за старателство над ќерката.

Актерката сакал да се пресели во Франција со својот нов љубовник Оливие Мартинез. Судот го одбил барањето на Хали за дозвола за преселба, а две недели по пресудата, Обри и Мартинез завршија во болница поради повреди по жестоката тепачка во домот на актерката.

Сега се појави судскиот предмет, во кој пишува дека манекенот постојано ја критикувал Хали и и велел дека е грда и постојано го критикувал нејзиниот изглед, што лошо влијаело врз нејзината самодоверба. Поради сето тоа измачување, таа завршила на психотерапија.

Оскаровката го обвини Обри и за расизам и истакна дека не сакал да признае дека неговата ќерка има афро-американски корени.

На суд, таа изјавила дека нејзиниот поранешен има проблеми со менталното здравје, страда од депресија и вознемиреност. Наводната причина за нивниот прекин е токму неговото одбивање да посети психотерапевт и да добие помош.

„По првите шест месеци од нашата врска, нашиот сексуален живот едноставно исчезна и по една година водевме љубов помалку од три пати годишно“, призна Хали Бери.

Таа откри и дека Обри имал инцестуална врска со член на нејзинот семејство , кога бил на млада возраст, што предизвикало сериозни ментални и емоционални трауми.

"Направив многу грешки во љубовта. Бев идиот. Ако претходно знаев дека не сум жена за брак, ќе се поштедев од многу болка и каење", рече актерката.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер