Халеп повторно на врвот на ВТА листата - Канал 5

Халеп повторно на врвот на ВТА листата

Романската тенисерка Симона Халеп по само четири недели се врати на челната позиција ВТА ранг листата, потиснувајќи ја Каролина Вознијацки на второто место.

Халеп повторно на врвот на ВТА листата
Вознијацки пред еден месец ја совлада Халеп во финалето на Австралија Опен и стана број еден во светот, но оваа недела изгуби 485 поени, бидејќи не го бранеше брани финалето во Дубаи.

ТОП 10 тенисерки за оваа недела:

1. Симона Халеп (Романија) 7.965 поени
2. Каролина Вознијацки (Данска) 7.525
3. Гарбине Мугуруза (Шпанија) 6.175
4. Елина Свитолина (Украина) 5.480
5. Каролина Плишкова (Чешка) 5.080
6. Јелена Остапенко (Летонија) ​​5.000
7. Каролина Гарсија (Франција) 4.625
8. Венус Вилијамс (САД) 4.277
9. Петра Квитова (Чешка) 3.086
10. Анжелика Кербер (Германија) 3.055 /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. 

Сончево и топло, попладне  услови за локална појава на нестабилност

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт

Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. 

Лина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт

Ѓорческа точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис.

Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова.

На патот кон најголемиот светески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0,потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2).

На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бардовци и дел од Центар денеска без вода

Поради дефект на затворач ф-150 мм на ул. „Народен Фронт“ 21, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на печат до ул. „Франклин Рузвелт“) и дел од ул. „Васил Ѓоргов“.

Бардовци и дел од Центар денеска без вода

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради реконструкција на пумпениот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, денеска ќе има и прекин на водоснабдување во населното место Бардовци во раните утрински часови од 01:00 часот до 10:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер