3И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
ФудбалХаланд потпиша рекорден договор од 227 милиони евра, но, не со СитиПрвиот стрелец на англиската Премиерлига, младиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд , го потпиша договорот на кариерата и животот. Младиот Норвежанец потпиша рекоредн договор во историјата на фудбалот. Сепак, не станува збор за нов договор со англискиот шампион во кој заработува 426 илјади евра неделно, туку со производител на спортска опрема. Халанд вети дека ќе носи копачки на Најк за 22,7 милиони евра годишно во следните десет години. Халанд го избра американскиот производител, сакајќи да тргне по стапките на својот идол Роналдо Назарио, но со новиот договор младиот Норвежанец го надмина својот идол. Англиските медиуми пишуваат дека тоа е најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот. „Со своите голгетерски бројки тој ја одбележа не само сегашноста, туку и иднината на фудбалот. Тој е наследник на најдобрите центарфори и напаѓач на новата генерација“, објави Најк за напаѓачот кого Transfermarkt го цени на 170 милиони евра. и кого Сити го доведе минатото лето за 60 милиони евра. Оттогаш Халанд постигна 42 гола на 37 натпревари за Сити. Неговиот вкупен скор во професионалната кариера е 198 гола на 242 настапи. A new era of #9.@erlinghaaland is a Force Of Nature. Are you ready?#nikefc pic.twitter.com/7UZrG0dngq — Nike Football (@nikefootball) March 31, 2023 Халанд сега во голема мера се врати под покровителство на Најк. Американскиот гигант го спонзорираше уште од својата 14-та година, но Халанд не го продолжи договорот кој заврши во јануари минатата година. После тоа, тој постигна гол во копачките на Пума (Ултрас), Адидас (Х Спидпорталс), а сега се обврза долгорочно со Најк. Така тој се приклучи на друштвото на Килијан Мбапе, Маркус Рашфорд, Хари Кејн, Кевин Де Брујн и Кристијано Роналдо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско селоЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село со цел поддршка на децата и намалување на последиците од семејно и врсничко насилство.Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ја зајакнуваат меѓусебната соработка со цел навремена поддршка на децата, родителите и семејствата, како и превенција и намалување на последиците од семејното и врсничкото насилство. Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, и претставници на организацијата, на која беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности на локално ниво. Посебен акцент беше ставен на Методологијата за јакнење на семејства и Методологијата за позитивно родителство, кои преку стручен и системски пристап овозможуваат рано препознавање на ризиците, превенција и соодветна поддршка на децата и нивните семејства. На средбата се разговараше и за можностите Општина Ѓорче Петров да даде дополнителна поддршка на програмите и активностите на СОС Детско село, како и за промоција и развој на згрижувањето како важен сегмент во системот за заштита на децата. Градоначалникот Стојкоски истакна дека грижата за децата и семејствата е еден од неговите лични и институционални приоритети. -Како градоначалник, но и како човек и родител, верувам дека заштитата на децата не смее да биде само формална обврска на институциите, туку постојана и лична заложба. Моја цел е ниту едно семејство да не остане само кога му е потребна помош и ниту едно дете да не остане без навремена поддршка, заштита и грижа. Ќе продолжам лично да поддржувам иницијативи кои создаваат посилни семејства и побезбедна средина за нашите најмлади - истакна Стојкоски. Преку понатамошната соработка, Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ќе работат на координиран пристап на терен, со цел создавање безбедна семејна и училишна средина, јакнење на родителските капацитети и навремена поддршка на семејствата кои се соочуваат со различни предизвици. Општина Ѓорче Петров останува посветена на креирање локална заедница во која секое дете ќе има услови да расте безбедно, достоинствено и опкружено со грижа и поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 августПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 август. До крајниот рок, 1 септември, се поднесени 154 барања на земјоделците за причинетите штети на тутунот и на црвената пиперка – ајварка.„Барањата ги поднесоа земјоделците од реоните на населените места мало и големо коњари и мажучиште. Првичните проценки укажуваат дека од 30 до 40 проценти има штети кај тутунот, а многу поголеми, од 60 до 80 проценти се штетите на насадите со црвената пиперка – ајварка, вели Николче Карапеески, претседател на комисијата за проценка на штети и раководител на подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп. Комисијата е постојано на терен и веќе 70 проценти од поднесените барања се проценети. Очекуваме до крајот на неделава да заврши проценката на теренот. Потоа ќе се подготви елаборатот кој ќе чека усвојување од општинскиот совет за потоа да биде доставен до владата која го дава крајниот збор за процентот на обесштетување на земјоделците – објаснува Карапеески. Инаку, невремето од 24 август проследено со дожд, силен ветер и град направи големи штети и во Општина Долнени каде најмногу настрада тутунот, од 50 до 100 проценти.Тагови: невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 денНаучниците прават нов чекор кон иднината на трансплантацијата – со помош на генетски модифицирани свињи се истражува можноста нивните органи еден ден да се користат кај луѓето. Трансплантиран свински бубрег функционирал во телото на маж од Соединетите Американски Држави цели 271 ден, со што е соборен рекорд. Во меѓувреме, за пациентот бил пронајден и човечки донор. Американските лекари велат дека досега не е забележано животински орган толку долго да функционира во човечко тело. Тие додаваат дека органите од свињи би можеле да се користат како „мост“ додека пациентот чека да се појави соодветен човечки орган за трансплантација. Пациентот Тим Ендруз изјавил дека операцијата му дала надеж и му овозможила да не оди секојдневно на дијализа, пренесува Би-Би-Си. Свинскиот бубрег на крајот престанал да функционира и бил отстранет. Поради тоа, Ендруз морал кратко време повторно да оди на дијализа, пред за него да биде пронајден човечки донор. Лекарите последниве години интензивно ја истражуваат ксенотрансплантацијата, односно употребата на органи од други видови, поради хроничниот недостиг на органи за трансплантација. Во САД околу 100.000 луѓе чекаат на трансплантација на бубрег, додека годишно се изведуваат околу 25.000 трансплантации. Свињите се сметаат за едни од најпогодните животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно соодветни по големина за човечкиот организам, а постои и долгогодишно искуство во нивното одгледување. Истражувачите развиле таканаречени џуџести свињи од Јукатан, кои биле подложени на дури 69 генетски модификации, со цел нивните органи потенцијално да можат да се користат за трансплантација кај луѓе. Фото: Marion Streiff from PixabayТагови: бубрег свиња Трансплантација човек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07