Хајди Клум со новиот сопруг плаќаат 670 000 евра неделно за суперлуксузната јахта (ФОТО)

Манекенката Хајди Клум (46) по венчавката со 29- годишниот Том Каулиц , го поминуваат медениот месец во патување со луксузна јахта по Јадранот.

Денеска јахтата на Хајди доплови до хрватскиот остров Мљет. Сопружниците пловат на бродот под името Кристина О, од 1943 година и некогаш во сопственост на грчкиот богаташ Аристотел Оназис и неговата сопруга Џеки Онасис, вдовица на убиениот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.

Импресивниот брод е долг дури 99 метри, при што 39 члена на екипажот се грижат за гостите, а неделното изнајмување на овој брод чини 670.000 евра.

Клум и Каулиц се венчаа во Лос Анџелес пред мал круг луѓе, а потоа договорија да направат свадба на бродот во сопственост на Гркот со кого се ожени славната Џеки О.

Откако стигна до Мљет, Хајди објави неколку „приказни“ на Инстаграм, а под тушот го сними новиот сопруг.

Страсната љубов на Каулиц и Хајди излезе во јавност минатата година кога се појавија во Кан како двојка. Имаше бројни написи за големата разлика во годините, на што Хајди Клум одговори.

„Живејте го животот и не грижете се што мислат луѓето! Само добивате брчки од вакви грижи!“

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер